Руската владејачка партија Единствена Русија, поддржана од Кремљ, рано на 20 септември излезе со тврдење дека е на пат за двотретинско мнозинство во Долниот дом на рускиот Парламент, по тридневното гласање проследено со нерегуларности и обвинувања за манипулирање со гласачките ливчиња.
Со преброени речиси 71 отсто од гласачките ливчиња, Централната изборна комисија на 20 септември соопшти дека Единствена Русија, која го поддржува претседателот Владимир Путин, освоила речиси 49 отсто од гласовите за новата Државна дума. Нејзиниот најблизок ривал, Комунистичката партија, имаше околу 20,25 проценти, а националистичката Либерално -демократска партија доби околу 7,68 проценти. Две други партии - Праведна Русија и новата партија Нови луѓе, добија околу 7,42 проценти и 5,53 проценти.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Турчак: Чесна и чиста победа
„Чесна и чиста е победата“, им рече на сопартијците генералниот секретар на Единствена Русија, Андреј Турчак, тврдејќи дека го имаат мнозинството во руската Дума. Тој уште рано утрото на 20 септември изјави дека партијата очекува да освои 120 места од гласањето на партиските листи и 195 во трката за еден мандат што ќе ѝ даде 315 од 450 места во Дума и удобно двотретинско мнозинство кое овозможува да се прават уставни измени.
Централната изборна комисија соопшти дека резултатите од Москва ќе ги објави вечерта на 20 септември. Излезноста на изборите беше околу 45 проценти, соопшти Централната изборна комисија. Половина од 450 места во Дума се распределени според партиските листи, додека другата половина се избираат во индивидуални трки.
Единствена Русија се обидува да го задржи своето супериорно мнозинство во законодавниот дом. Но, партијата е длабоко непопуларна, а истражувањата на независните анкетари покажаа дека нејзиниот рејтинг е најнизок во последните две децении од нејзиното основање.
На последното национално гласање во 2016 година, Единствена Русија освои нешто повеќе од 54 проценти од гласовите. Апатијата е уште една голема загриженост за властите, бидејќи руските гласачи стануваат се повеќе сомничави за тоа колку се слободни и фер изборите во земјата.
Изборите без „екстремистите“ блиски до Навални
На изборите недостасуваше значајно присуство на опозицијата откако властите прогласија дека организациите поврзани со затворениот опозиционер Алексеј Навални се „екстремисти“, со што практично не им беше дозволено на сите од неговата мрежа да се кандидираат.
Еден од главните соработници на Навални, Леонид Волков, сугерираше дека властите планираат да манипулираат со гласање преку Интернет во корист на кандидатите на владејачката партија, особено во градовите со либерални цели, како Москва и Санкт Петербург, каде до 10 часот на 20 септември, по средноевропско време, не беа изброени гласовите.
Видете и ова: Во Русија се интензивира репресијата врз опозицијата, што следува?Анатолиј Ноговицин е веројатно единствениот политичар поврзан со рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој учествуваше на парламентарните избори.
Повеќе од половина од политичките координатори на навални низ Русија, ја напуштија земјата поради закани од кривично гонење.
Видете и ова: Сојузник на Навални, кандидат на изборите во РусијаНавални, Паметно гласање, ботови, видеа...
Покрај тоа што беше тест за Единствена Русија, тридневното гласање ,исто така, беше голема пречка за Алексеј Навални, затворениот анти-корупциски крстоносец, чии сојузници вложија многу во нивната стратегија за т.н. Паметно гласање, апликација со која сакаа на гласачите да им се укаже кој од кандидатите кој е против Путин има најголема шанса да го победи кандидатот на Единствена Русија, а со цел да не одат попусто опозициските гласови. Повеќето кандидати идентификувани преку апликацијата се од Комунстичката партија, иако таа и две други партии во Думата ретко гласаат против мнозинските иницијативи или оние за кои експлицитно се лобира од Кремљ.
„Ако партијата Единствена Русија успее, нашата земја ќе се соочи со уште пет години сиромаштија, пет години секојдневна репресија и пет потрошени години“, се вели во пораката на Инстаграм профилот на Навални во пресрет на изборите.
И покрај официјалните напори да се поткопа Паметното гласање на Навални, првичните резултати од изборите сугерираа дека иницијативата може да има влијание, со тоа што поддршката за комунистите порасна на 13,3 проценти од парламентарните избори во 2016 година.
Видете и ова: Пред изборите за Думата, Кремљ го затвори порталот „Паметно гласање“Во последниве месеци, властите започнаа сеопфатна акција против политичката мрежа на Навални, при што многу негови сојузници ја напуштија земјата, беа ставени во домашен притвор или притворени.
Кога гласањето започна на 17 септември, апликацијата Паметно гласање на Навални исчезна од онлајн продавниците на Apple и Google. Телеграм, популарна апликација за пораки и клучна алатка за тимот на Навални да ги праќа своите пораки, исто така отстрани т.н. бот на „Паметното гласање“. „Јутјуб“, кој е во сопственост на „Гугл“, исто така, симна видео што ги содржи имињата на кандидатите на кои тие укажуваа. И Google, исто така, го блокираше пристапот до „Navalny Google Doc“, кој промовираше текстуална копија од сите кандидати што тие ги поддржаа во Паметното гласање.
Ковид или манипулација?
Официјалните претставници на изборите рекоа дека гласањето треба да се распредели во текот на три дена за да се спречи гужвата поради пандемијата со ковид-19, која ја опустоши Русија и покрај тоа што е првата земја во светот што одобри вакцина.
Опозициските активисти и некои либерални пратеници велат дека овој потег бил дел од серијата напори на Кремљ да манипулира со излезноста и да се направи веројатна мнозинска победа за Единствена Русија.
Зошто овие избори се многу важни за сите
Овие избори во Русија се клучни не само за зацврстување на контролата на Единствена Русија во политичкиот живот на земјата. Тие исто така се клучни за секој уставен маневар што Кремљ може да го преземе во пресрет на претседателските избори во 2024 година, кога претседателот Владимир Путин може да добие петти мандат. Проблемот за Кремљ е што рејтингот на Единствена Русија е на историско најниско ниво.
Во меѓувреме, во Русија платите стагнираа за широк дел од населението, додека економијата се бори со западните економски санкции, повисоките даноци, зголемената инфлација и последиците од пандемијата.
Во Русија ударите на власта се почесто се насочени кон опозициски активисти, независни новинари, истакнати граѓански организации, адвокати, уметници, академици. Набљудувачи уште пред изборите изјавуваа дека таа акција низ Русија изгледа многу пообемна отколку што е потребно за контрола на изборите.
Видете и ова: Путин го потпиша контроверзниот закон со кој може да владее до 2030 година„Не би рекла дека овој репресивен циклус ќе заврши по изборите. Причината за тоа не е само во изборите, иако Кремљ се плаши дека нема да ги добие потребните резултати. Тоа е во природата на самиот режим - тој се трансформира во многу порепресивна диктатура“, изјави пред изборите Марија Снеговаја, политички научник и истражувач во Центарот за анализа на европската политика.
Во пресрет на изборите, рускиот претседател Владимир Путин, кого го поддржува партијата Единствена Русија, ги повика Русите да гласаат, нагласувајќи дека тоа е многу важно за руското општество и за руската држава.
„Јас сметам на вашата одговорна, избалансирана, патриотска граѓанска позиција “, вели Путин во видеото објавено на веб -страницата на Кремљ.