ИВЗ обвинува за полициски притисок, МВР демантира

Архивска фотографија - Молитва во Мустафа паша џамија во Скопје во време на коронавирус пандемија, 12 мај 2020 година

Во интерес на вистината, на објективното информирање на јавноста, а особеново интерес на интегритетот на институцијата, МВР категорично ги отфрла како паушални и неточни изесените тврдења во денешната реакција на Исламската верска заедница околу наводен полициски притисок врз претставниците на оваа верска заедница, а по повод чествувањето на престојниот верски празник Фитр Бајрам, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Претхнодно, поглаварот на ИВЗ, реисот Сулејман Реџепи, на својот официјален фејсбук профил објави дека врз свештени лица од ИВЗ бил вршен притисок од полиција за да нема молитви во џамиите за претстојниот муслимански празник.

„Денес, Претседателството е преплавено со извештаи од нашите муфтии и имами дека полицијата ги повикува нашите имами и влијае врз нив да не се молат за молитвата, а во други случаи, полицијата влезе низ нашите џамии со цел да изврши притисок. Имаме писмени изјави на имамите и на верските работници. Ова се забележува низ целата земја, но особено во Скопје и околината“, објави реисот Реџепи.

На тоа од МВР излегоа со демант.

„Полицијата, односно МВР, ниту има надлежност ниту па ксе обидувало да наметне влјание врз верски старешини во верски установи, туку своето работење го темели исклучиво врз пропишаните законски норми и Уставот. Притоа јавноста веќе знае дека во рамки на низата законски надлежности и активности на министерството влегува и превентивното делување во различни области од значење за сите граѓани на државно и на локално ниво“, реагираше денеска МВР.