Ивановска: Изборните правила се заобиколуваат и злоупотребуваат
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Со промоцијата на проекти од локално значење на високото државно раководство се злоупотребуваат изборните правила, вели претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска. Министри, премиерот и вицепремиери изминативе денови во придружба на градоначалници прават увид во градежни работи на проекти од локално значење. Со тоа, Ивановска вели дека јасно се препознава целта, суптилно да се влијае врз гласачкото тело.