Зошто Руската армија не е поефикасна во Украина?
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Големо прашање за многу воени аналитичари е зошто Русите не се многу поефикасни при нападот на Украина, со оглед на нивните сили и опрема. Тие користеа единици составени од голем број регрути со постара опрема од онаа што ја имаат во нивниот воен арсенал. Значи, навистина е прашање зошто беа толку неефикасни во обезбедувањето доволна борбена моќ, ефикасна логистичка поддршка, зошто не ги користат ефикасно нивните воздушни средства. Ќе видиме дали се работи за потценување, дали се работи за лошо извршена работа, ќе треба да сфатиме што се крие зад тоа. Очигледно добра вест за Украина е тоа што Русите не се толку ефикасни колку што веројатно очекуваа, вели пензионираниот чешки генерал Петр Павел, кој од 2015 до 2018 година беше претседавач со Воениот комитет на НАТО.