Роман Анин предавал новинарство во Москва и работел со меѓународни мрежи, вклучително и Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ) и Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP), покрај неговата работа истражувајќи милиони документи, таканаречените „Панама пејпрс“.
Тој, исто така, детално известуваше за раководството во руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Во 2021 година руските власти го нарекоа „странски агент“, а денес живее во странство.
Анин неодамна даде интервју за грузиската служба на Радио Слободна Европа, кога зборуваше за потенцијалните ризици за Владимир Путин кои произлегуваат од одлуката на рускиот лидер да ја нападне Украина, тековното маневрирање за власт на луѓе како шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин и началникот на Националната гарда Виктор Золотов, како и дали можен пораз на Русија во Украина може да значи ново „проблематично време“.
Интервјуто го пренесува Радио Слободна Европа на англиски јазик.
РСЕ: Многу западни експерти се скептични за сценарио во кое Путин е оспорен или соборен внатре во Русија и Кремљ. Ако насловот на вашиот коментар на „iStories“ во јануари е „Кланската војна за престолот на Путин започна“, не го споделувате ли вие тој скептицизам. Зошто не?
Роман Анин: Верувам дека кланската војна за неговиот престол започна. Не значи дека ќе го срушат. Путин има 70-ина години. Тој веќе не е млад. Ова значи дека неговиот внатрешен круг разбира дека порано отколку подоцна ќе умре или ќе се повлече. Тие сфаќаат дека треба да работат на различни сценарија за тоа што по неговата смрт.
А проблемот на неговиот круг е што е тој толку поделен, што со децении постојано во него се борат еден против друг, за пристап до него (Путин), за можноста да влијаат врз неговите одлуки, за моќ. Тие борби понекогаш не беа „ладни“, туку жестоки.
Примери има многу. Да го земеме (членот на Советот за безбедност и шеф на Националната гарда „Росгард“) Виктор Золотов кој е многу близок со Путин, или поточно кажано беше многу близок со Путин. Тој беше неговиот телохранител, момчето кое најмногу време го поминува со Путин.
Золотов го мрази (директорот на ФСБ Александар) Бортников, а Бортников го мрази Золотов. Тие постојано се расправаат. Затоа им е многу тешко да се договорат за можен наследник.
И затоа мислам дека тоа всушност ги зголемува шансите еден од нив, или коалицијата од нив, да почне да дејствува дури и пред да умре Путин или пред да ја изгуби власта - само затоа што ќе сфатат дека не сакаат да губат време.
Видете и ова: Пригожин објави дека Вагнер се повлекува од БахмутРСЕ: Кога пишувате дека веќе има битка за престолот на Путин, што сакаат овие луѓе: да го соборат Путин или да му се доближат на царот, да му шепотат на уво?
Анин: Уште поедноставно. Сакаат да ги спасат своите животи, својот имот, животите на своите најблиски. Тие разбираат дека откако Русија ќе ја изгуби војната - затоа што никој меѓу нив веќе не верува во победа - тоа ќе биде почетната точка на оваа битка за тронот. А тој што ќе ја изгуби битката ќе изгуби се – моќ, имот...
Замислете дека следниот претседател на Русија е некој од кланот на (Николај) Патрушев, кој раководи со Советот за национална безбедност на Русија, еден од главните државни органи во земјата.
Тоа значи дека луѓето кои се бореле против него сите овие години нема да можат да си го зачуваат својот имот, па дури и (своите) животи или можеби слободата, и тие тоа го разбираат. Верувам дека за тоа ќе се води вистинска војна. Ќе се борат за живот.
Затоа што другиот проблем е што тие се заглавени на овој брод - поради санкциите, поради нивната вмешаност во разни злосторства. Не можат да ја напуштат земјата. Не можат само да кажат „Добро, ајде да го изневериме Путин и да одиме некаде“. Тие се заглавени таму. И замислете змии заглавени во исто шише кои се мразат цело време.
РСЕ: Каков е ставот на самиот Путин во врска со оваа борба за власт? Едно толкување е дека тој се обидува да ги постави своите подредени еден против друг за да остане силен додека тие се ослабуваат.
Видете и ова: Шефот на Вагнер вели рускиот план за „демилитаризација“ на Украина не успеаАнин: Пред војната, тоа навистина беше дел од неговата стратегија. Тој сака да се однесува како судија во тие битки во внатрешниот круг.
Денес, тоа очигледно не е така, бидејќи тие јавни конфликти помеѓу (поранешниот телохранител и основач на Вагнер групата Евгениј) Пригожин и (министерот за одбрана Сергеј) Шојгу, меѓу Пригожин и (шефот на Чеченската Република Рамзан) Кадиров, тие дефинитивно не ја прават моќта на Путин посилна. Тоа е обратно, го прават послаб.
Проблемот на Путин е што тој е политичар кој постојано се плаши од донесување одлуки, кој повеќе би сакал да седи и да не прави ништо и да чека додека проблемот некако не се реши сам по себе...
РСЕ: Тоа е чудна оценка за човек кој донел одлука да го нападне својот сосед.
Анин: Но, тоа се различни типови на одлуки. Зашто, кога ја донесе оваа одлука, веруваше дека тоа ќе биде многу лесна војна, веруваа дека за три дена ќе ја освојат Украина. Значи, тој навистина не ризикуваше ништо.
Различно е одлуката да се направи нешто во рамките на својот клан, всушност Путин и нема толкав избор. Ако ги прочитате јавните изјави на Пригожин и на многу други лидери на јавното мислење, таканаречени патриоти, тие веќе почнаа да го критикуваат. Веќе почнаа да кажуваат дека ја изневерува државата.
Ова се многу сериозни обвинувања, така што или Путин ќе дејствува сам - што значи дека ќе започне акција против неговите поранешни сојузници - или ќе биде предоцна. И тоа е многу тешка одлука.
Видете и ова: Рускиот Врховен суд ја „затвори“ опозициската партија на убиениот НемцовРСЕ: Друга одлука што можеше да ја донесе, но не ја направи, е да именува некаков наследник, кој ќе биде на чекање. Зошто не го направи тоа?
Анин: Верувам дека тоа е затоа што не може да издвои добра (политичка) фигура. Тој знае дека неговите кланови се поделени и дека е многу тешко да се најде некој што ќе им служи на сите кланови.
Исто така затоа што многу се плаши за својата слобода и живот. Се плаши од губење на власта. Мислам дека неговото најголемо жалење деновиве е што нема син за да стане природен наследник...
Пред пет години направив приказна за неговите телохранители - како почнаа да добиваат позиции во различни агенции, особено во Тајната служба.
Го прашав еден од телохранителите: „Зошто Путин го прави ова? А одговорот беше навистина едноставен: „Затоа што им верува на тие луѓе. Тие луѓе стоеја зад него со пиштол 20 години и не го убиле“.
Да се најде наследник е навистина ризична одлука, бидејќи како може да биде сигурен дека наследникот нема да го изневери следниот ден откако ќе стане претседател? Затоа се плаши и сигурен сум дека Путин ќе почне да води кампања за уште еден претседателски мандат.
Видете и ова: Руски напад врз болница во Днипро, едно лице загинаРСЕ: Што значи оваа борба за власт или за неговото наследство, со кое тој е толку опседнат?
Анин: Мислам дека деновиве стана јасно кое е неговото наследство и каква ќе биде неговата историска улога. Во историјата на Русија и светот, денес е јасно, тој ќе остане речиси како Хитлер, еден од најлошите диктатори, еден од луѓето кои ја започнаа една од најсуровите војни во Европа.
Тој сакаше да биде во историјата на Русија и светот некаде помеѓу Петар Први и Катерина Велика. Сепак, тој ќе биде некаде помеѓу Хитлер и (поранешниот либиски лидер Моамер) Гадафи.
РСЕ: Ајде да зборуваме за оние кои се борат за неговиот престол и да почнеме од најозлогласениот - тоа е Пригожин. Кој е „среќниот дедо“ со кој Пригожин се потсмеваше во неговите неодамнешни видеа? Дали е тоа (началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, генерал Валери) Герасимов, како што подоцна тврдеше, или е „дедото од бункерот“, како што многупати го нарекуваат Путин?
Анин: Апсолутно сум сигурен дека тоа е Путин, а не Герасимов.
Како прво, „дедо“ е прекарот на Путин и тоа сите го знаат. Пригожин не го избрал тој прекар случајно. Потоа, се разбира, сфаќа дека Герасимов официјално е задолжен за, како што ја нарекуваат, „специјална воена операција“, но сите главни одлуки, се разбира, ги носи Путин. А одлуката дали да му даде оружје и муниција на Вагнер не ја носи Герасимов, туку Путин.
А она што е исто така многу важно и интересно во рамките на оваа кланска војна и самиот Пригожин е неговата јавна изјава (во истото видео)...дека ќе го напуштат Бахмут на 10 мај. И сите обрнаа внимание само на првиот дел од оваа изјава.
Но, според мене, последниот дел беше поважен. Тој рече дека „ќе заминеме на 10 мај и ќе почекаме додека не му требаме на рускиот народ, што веруваме дека ќе се случи многу брзо ако погледнете како се однесуваат нашите лидери“.
Очигледно беше дека мисли на некаква револуција, пуч или што и да е. Така, тој го гледа Вагнер како вид на воена група која ги застапува интересите на мнозинството Руси, и ако им треба на Русите, тие ќе бидат таму подготвени.
Тоа е многу опасна изјава и никој не ја забележал. Но, верувам дека Путин и неговите луѓе во Кремљ навистина читаат меѓу редови.
РСЕ: Ако е така, дали Путин навистина може да си дозволи Пригожин да се извлече со ова? Имаше истотака и друга изјава каде што тој рече нешто во смисла: „Треба да ги намалиме нашите загуби, да ги консолидираме нашите придобивки и да ја замрзнеме војната во Украина“. Луѓето во Русија се затвораат за многу помалку.
Анин: Апсолутно. Повторно, овие изјави ја ослабуваат моќта на Путин... Тоа е многу интересно, бидејќи тие се многу зависни еден од друг. Пригожин е задолжен за 50.000 мажи на најважниот дел од фронтот. Ако отидат, знаете, тоа ќе биде крај на војната - или ќе биде многу сериозен пораз за руската армија.
Пригожин зависи од Путин затоа што (неговите платеници) не можат да се борат без муниција, без оружје. Затоа, верувам дека Путин повеќе сонува од (украинскиот претседател Володимир) Зеленски дека Пригожин ќе умре таму - тоа би било најдоброто решение за неговиот проблем.
РСЕ: Што вели за самата Русија дека поранешен напаѓач на жени, арамија, а сега тип што се шета наоколу со чекан, се бори за врвот на владата? Овде имаме историски аналогии, преседанот на Сталин кој бил ограбувач на банка. Но сепак.
Видете и ова: Русија и Белорусија потпишаа договор за распоредување нуклеарно оружјеАнин: Всушност, мислам дека немало пример, барем во поновата историја, за таква земја. Понекогаш ги затворам очите и замислувам дека сум некаде во 2007 година, а холивудски сценарист доаѓа кај мене и ми вели: „Види, еве една неверојатна книга или сценарио во кое се вели дека Русија започнува војна против Украина, Путин седи во својот бункер две години, главниот војник е поранешен криминалец кој тепал жени и ги ограбувал.
Тој регрутира десетици илјади затвореници и тие се убиени на фронтот без ништо, а Русија станува најизолирана земја, некаде помеѓу Иран и Северна Кореја.“ На сценаристот би му рекол дека е луд. Сепак, ова е реалноста.
Разговаравме за наследството на Путин. Кога тој стана претседател, Русија беше една од најразвиените, најелитни земји во светот.
Каде е тој денес? Тоа е таква трагедија, се разбира, пред сè за Украина, но (погледнете) што и направи Путин и на Русија: ја фрли својата земја десетици и десетици години наназад, а не знам колку време всушност ќе биде потребно за закрепнете или дали закрепнувањето е воопшто можно.
Видете и ова: Кинескиот претседател и понуди на Русија „цврста поддршка“ во клучните интересиРСЕ: Ако Пригожин навистина има на ум некаков голем план за игра, кој би бил неговиот прв „продажен“ предлог до рускиот народ?
Анин: Мора да признаеме дека е многу талентиран ПР-тип, а оваа идеја веќе ја продаде со „Погледнете ги овие дебели мачки од Рублевка, најбогатиот дел на Русија. Ја издадоа државата. Ги праќаат вашите синови на првата линија без ништо. Тие украдоа сè. Твоите синови гинат таму. Знам да победам во војна, но овие предавници не ми дозволуваат. Не ни дозволат да победиме.
И Русите тоа го купуваат. Станува се повеќе и повеќе популарен. Затоа што тој всушност ја кажува вистината или кажува нешто што Русите сакаат да го слушнат. Затоа што, за жал, повеќето Руси ја поддржуваат војната, или барем можеби не самата војна, но овие денови мислат дека „ако ја започнавме војната, нема шанси да ја изгубиме. Мораме да одиме до крај. И идеите на Пригожин одекнуваат меѓу Русите.
РСЕ: Тој е и единствениот кој може да тврди дека има некаков успех во Украина, во споредба со другите.
Анин: Токму така. Така велат Украинците. Така велат западните експерти. И тоа го велат луѓето во Русија: дека неговата приватна армија е поефикасна од официјалната армија.
РСЕ: Со сето тоа на ум, кој би можел да победи на овој дуел Пригожин против Шојгу и Герасимов?
Анин: Навистина зависи од тоа што ќе се случи за време и по секоја украинска контраофанзива. Работите може да почнат да се менуваат и да се развиваат многу брзо и се плашам дека сме на чекор од почетокот на вистински хаос во Русија - освен ако Путин не одлучи да ги повлече војниците, да ја затвори земјата, да прогласи воена диктатура, да ги уапси сите свои непријатели и да трансформираземјата во вистинска Северна Кореја...
Видете и ова: Русија и Кина потпишаа серија економски договориРСЕ: Ако реши да прави такви работи, дали ќе може да го направи тоа?
Анин: Во тоа е работата. Мислам дека не е подготвен за тоа и се надева на чудо. Тој не прави ништо. Некако е заглавен во својот бункер. И затоа, знаете, беше критикуван. Ако ги прочитате најпопуларните канали „Z“, тие велат: „Каде е нашиот лидер? Кој е нашиот план? Дали ќе победиме?“.
Се плаши да го направи тоа, и затоа мислам дека нема да го направи тоа. И од една страна се плашам, а од друга се надевам дека со успешна (украинска) контраофанзива ќе започне оваа жешка борба меѓу елитите, овој хаос.
Сепак, се плашам дека некој полош може да ја добие таа битка. И тоа ќе биде вистински предизвик за Западот. Како ќе постапи Западот? Затоа што замислете Пригожин да ја добие битката и сега земјата со вториот најголем арсенал нуклеарно оружје да биде во рацете на озлогласен криминалец, криминалец уште полош од Путин, луд криминалец, садист, тип што сака да мачи и убива луѓе.
Се надевам дека Западот има план што да прави ако некој како Пригожин или (Игор) Гиркин (познат како Игор Стрелков, кој имаше улога во анексијата на Крим во 2014 година и ги поддржа вооружените сепаратисти во источна Украина) или некој друг победи во војната (за власта).
За жал, во елитата нема разумни луѓе, оние кои имаат моќ. Либералите се многу слаби. Има некои либерали во кругот на Путин – луѓе како (долгогодишниот стратег на Кремљ Сергеј) Кириенко, луѓе како (Алексеј) Кудрин, луѓе како (Анатолиј) Чубаис. Но, овие луѓе немаат физичка моќ.
Во пропадната држава, а според мене Русија стана пропадната држава, победува оној со најголем арсенал оружје. Тие либерални сили, и во кругот на Путин и во Русија воопшто, за жал ја немаат таа моќ, не можат да ја користат.
Видете и ова: Нов бран руски воздушни напади врз УкраинаРСЕ: Да преминеме на помалку шарени фигури. Имаме безброј кланови, како што се (секретарот на Советот за безбедност Николај Патрушев, милијардерот Јури Ковалчук, олигархот Игор Сечин итн. Како би ги оцениле нивните шанси да го освојат врвот?
Анин: Се разбира, секој е различен. Се верува - всушност, мислам дека е факт - дека Ковалчук е втората најмоќна личност во земјата. Тој е еден од најблиските до Путин и дефинитивно знаел за инвазијата, а можеби и влијаел на оваа одлука. Не знаеме, но така мислат повеќето експерти.
Во исто време, оние луѓе кои се сметаат за најстари пријатели на Путин - како Сечин, (извршен директор на одбранбениот конгломерат Ростек, Сергеј) Чемезов, Ковалчук - меѓу нив има и многу кавги.
На пример, шефот на Транснефт Николај Токарев, кој служеше со Путин во КГБ во Германија, постојано е во расправија со Сечин, кој исто така е стар пријател на Путин.
Во некои случаи, споровите дури резултираа со кривична постапка против луѓе. Оние кои се во најтесниот круг не можат да поведат кривична постапка едни против други, па така што тоа го прават други или трети лица, подредени, а тоа не се промени.
Извори ми кажуваат дека овие борби се интензивирале во последната година бидејќи колачот станува сè помал. Тие разбираат дека ризиците се поголеми и, се разбира, сакаат да го заштитат својот клан на најдобар можен начин и сакаат да ги ослабат другите кланови. Сето тоа се случува зад завесата. Но, што е најважно, не ги гледаме повеќето од нив.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
РСЕ: Во вашата статија некако ги поделивте на три големи табори. Еден од нив бил „крвожеден“, во кој спаѓаат луѓето како Пригожин и сл.Потоа ги имавме „привилегираните“, во кои беа вклучени и потесниот круг на Путин, повеќе како олигархиски, финансиски ориентирани поединци. И таму беше тој „мрачен коњ“ - од „патриоти“, луѓе кои сакаат да ги отстранат горните ешалони на власта во Кремљ поради корупција и неспособност, но сакаат и да ја добијат војната.
Како се обликува оваа трка?
Анин: Најдобрата опција за Русија - и не само за Русија, туку и за Украина и целиот свет - би била да се победи „привилегираниот“ клан.
Мислам со тоа се оние во потесниот круг на Путин - мислам, таму нема добри луѓе, сите се корумпирани, сите се вклучени во разни злосторства - но има некои од нив кои се поразумни од Пригожин или Стрелков.
И ако коалицијата на тие луѓе на крајот сфати дека ќе ја прекине војната и дека може многу брзо да сменат сè во Русија - замислете ја ситуацијата во која таа коалиција на кланови го предава шефот Путин пред Меѓународниот кривичен суд и ветува дека „ќе ги повлече сите трупи од Украина на границите од 1999 година, да даде гаранции за безбедност на Украина, а за возврат Западот да ја гарантира нашата безбедност - нашата и наша сопственост - да ги укине сите санкции; и да почнеме од почеток“.
Верувам дека Западот, кој навистина веќе е уморен од војна, ќе се согласи на ова, бидејќи тоа ќе значи победа на Украина, крај на војната и почеток на нов однос со Русија.
Тоа всушност би било најдоброто сценарио. И навистина се надевам дека коалицијата на она што ние го нарекуваме „привилегирани“ ќе го сфати ова порано отколку подоцна, инаку Русија ќе заглави некаде меѓу Пригожин и Стрелков. И тоа не е многу добра опција.
РСЕ: Што ќе се случи ако Украина победи на бојното поле?
Анин: Сите се надеваме дека тоа ќе се случи, дека Украина ќе победи на бојното поле. Ова би значело почеток на хаосот во Русија и почеток на таа „кланска војна“ за која зборувавме... почеток на „Невоља“ (т.н. Проблематично време во руската историја од 1598 -1612 година) И тогаш ќе видиме кој ќе победи во оваа војна.
Не можеме да ги предвидиме сценаријата потоа. Опсегот е толку широк - од целосен хаос и трансформација на Русија во некаква африканска држава со банди и постојани борби по улиците до трансформација во демократска држава за 20 или 50 години. Не знам. Ќе зависи од тоа кој ќе победи во оваа војна за тронот.