Државите од Западен Балкан сѐ уште далеку од „зелената транзиција“

„Тоа ископување на јаглен, кај нас... Тоа создава цел хаос кога се согорува. Во Белград во зима не може да се дише поради загадувањето.

Вака белграѓанката Славица Филиповиќ во изјава за Радио Слободна Европа (РСЕ) го илустрира проблемот во главниот град на Србија.

Преминот од јаглен во енергија на ветер и сончева енергија е целта на земјите од Западен Балкан кои произведуваат најмногу електрична енергија од јаглен.

Државите ја презедоа обврската во рамките на Зелената агенда на Европската унија во 2020 година.

Стравот од недостиг и драстичното зголемување на цените на енергенсите поради руската инвазија на Украина поставија нов стандард за земјите од регионот.

Според Пипа Галоп од Bankwatch, мрежа на еколошки невладини организации со седиште во Прага, Западен Балкан денес изгледа далеку од целта.

„Промените, сепак, ќе мора да дојдат побрзо од очекуваното, бидејќи постојните електрани на јаглен се стари и нема да траат вечно“, изјави Галоп за РСЕ.

Политичката волја-клучна за исфрлање на јагленот

Според податоците на Евростат, Заводот за статистика во ЕУ, јагленот и нафтата се главен извор на енергија во повеќето држави од Западен Балкан.

Повеќе од половина струја се произведува главно од јаглен.

Оџаците на најстарата термоелектрана на јаглен во Србија, на околу 50 километри од Белград

На јаглен најмногу се потпираат Косово и Србија, пред кои стојат најголемите предизвици, укажа Галуп.

На прашањето колку ќе им биде тешко на државите да се откажат од јагленот, Галоп наведува:

„Најважна е политичката волја и јасен план, а за жал ниту една држава во моментот не се издвојува во тоа“.

Галоп укажува на тоа дека сите држави во регионот имаат рок до 2023 година да направат нацрти на климатските планови на национално ниво.

Државите треба да дефинираат како ќе го зголемат учеството на обновливите извори во производството на енергија, енергетската ефикасност и како планираат да ја намалат емисијата на штетни гасови.

Тие планови, меѓутоа, како што соопштија- со години наназад беа одложувани.

Обновливи извори во државите од Западен Балкан

Меѓу земјите од Западен Балкан, Албанија предничи во користењето на зелените извори на енергија, додека Косово бележи најлоши резултати во оваа смисла.
Тоа го покажуваат податоците од последниот јавно достапен извештај на Евростат од март 2023 година.


Според истиот извештај, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина го надминале просекот на ЕУ во производството на електрична енергија од зелени извори на енергија (37,5 отсто).

Колку се свесни граѓаните за значењето на зелената транзиција?

Славица Филиповиќ од Белград верува во сончевата и ветерната енергија.

„Видов ветерници на границата меѓу Унгарија и Австрија, а потоа Грците, на пример, земаа соларна енергија. Навистина треба да ја искористиме - ресурсите што ни ги дава природата“, рече Филиповиќ.

Славица Филиповиќ од Белград за РСЕ изјави дека верува во енергијата од сонцето и ветерот

На прашањето дали и што прави во нејзината куќа за да придонесе за зелена транзиција како индивидуа, Славица Филиповиќ изјави дека пред се штеди струја.

„Купувам штедливи сијалици, ако имам шест сијалици на лустерот, одвртувам три, шпоретот што го користам во зима се полни само ноќе, бојлерот се вклучува и ноќе, само кога струјата е евтина“, илустрира Филиповиќ.

Ирена Шабовиќ од Сараево се залага за заштита на животната средина и смета дека важноста на зелената транзиција е глобална

Ирена Шабовиќ од Сараево за РСЕ изјави дека се залага за заштита на животната средина и дека важноста на зелената транзиција е глобална.

"Јас го следам, долго време сум за тоа. Одам со велосипед, поради гужвите и загадувањето, веќе долго време. Колата ја користам што помалку", објасни Шабовиќ.

Лидија Ивановиќ од Подгорица за РСЕ изјави дека не ги следи детално вестите од областа на зелената транзиција, туку дека многу размислува за тоа на личен план, и презема конкретни чекори.

Лидија Ивановиќ од Подгорица се пријавила за поставување соларни панели на куќата во која живее со семејството

Се труди што повеќе да користи јавен превоз, вози велосипед со децата, а бидејќи како што вели живее во куќа, се пријавила за поставување соларни панели.

„Сè уште е во процес на чекање. Навистина се радувам на тоа, па дури и секој ден ми паѓа на ум „ да се јавам и да видам што се случува со него“. Бидејќи Подгорица е сончева, навистина мислам дека е тоа огромен извор што не е искористен и дека времето за тие работи допрва доаѓа“, вели Ивановиќ.

„Корупцијата, недостатокот на владеење на правото и одговорност се главните предизвици“

На прашањето кои се клучните предизвици за Западен Балкан да успее да направи транзиција од валкана во чиста енергија, Пипа Галоп од мрежата на организации Bankwatch изјави:

„Тие предизвици вклучуваат системска политичка корупција во енергетските компании, недостаток на владеење на правото и отчетност.

Предизвиците вклучуваат системска политичка корупција во енергетските компании, недостаток на владеење на правото и отчетност
Пипа Галоп, мрежа на организации „Bankwatch“

Според неа, „посебните интереси“ (поединци, фирми, политички партии) се ставаат „пред јавните“.

Галоп, исто така, истакна дека меѓу политичките носители на одлуки во земјите од Западен Балкан сè уште постои „застарен поглед“ на енергетскиот систем:

„Ова резултира со нивно промовирање на истите решенија како што би правеле пред 20 или 30 години, како што се јаглен, гас, хидроенергија или биомаса. Тие извори на енергија, како што објасни таа, не се ниту најекономични, ниту се прифатливи од аспект на заштита на животната средина.

Што може да се направи?

Западен Балкан, како што препознава Bankwatch, има голем потенцијал за сончева и ветерна енергија.

„Исто така, постои значителен потенцијал за заштеда на енергија во секторот за греење и производство на електрична енергија, на пример, доколку се намалат загубите во преносот, особено во Црна Гора, Албанија и Косово“, рече Галоп.

Енергетската ефикасност, која подразбира подобра изолација на зградите и куќите, исто така, како што истакна, би придонела за заштеда на енергија, а со тоа и за зелената агенда.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

TV Liberty: Zelena tranzicija BiH na putu ka EU

Колку се државите ускладени со европските прописи?

Податоците од последниот извештај на Секретаријатот на Енергетската заедница покажаа дека и покрај енергетската криза и предизвиците предизвикани од руската инвазија на Украина, земјите од Западен Балкан постигнале напредок во спроведувањето на европските регулативи.

Секретаријатот на Енергетската заедница (ЕЗ) е регулаторно тело на ЕУ во енергетскиот сектор кое го следи спроведувањето на европските стандарди и регулативи во земјите-членки на Енергетската заедница.


Целосното почитување на европските регулативи е еден од условите за државите од регионот да станат членки на ЕУ.

Во декември минатата година, Секретаријатот на Европската унија ја истакна целта до 2030 година третина од потребната енергија да се добива од обновливи извори.

За постигнување на таа цел се обврзаа и земјите од Западен Балкан.