Во Охрид утре лидерите Македонија, Србија и Албанија, Зоран Заев, Александар Вучиќ и Еди Рама ќе ги продолжат разговорите за т.н. Мал шенген, а на состанокот ќе присуствуваат и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.
На дневен ред ќе бидат точките отворени на состанокот во Нови Сад - укинување на бариерите за слободен проток на стока, услуги, луѓе и капитал.
По првичната трилатерална средба, лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија ветија во заедничка Декларација за слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал во Западен Балкан дека ќе работат на подобрување на регионалната соработка со цел зголемување на економскиот раст, привлекување инвестиции и подигнување на квалитетот на животот на граѓаните.