Ќе продолжи ли вонредната состојба, Пендаровски вели - најверојатно

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски

Советот за безбедност во четврток ќе одлучува дали вонредната состојба ќе биде продолжена за нови 30 дена. Претседателот Стево Пендаровски, со оглед на панедемијата, смета дека ќе има продолжување.

„Шансите се извесни и големи да се прогласат нови 30 дена вонредна состојба бидејќи внатрешните состојби кои не ескалираат но не се значително редуцирани се уште побаруваат ваков тип ангажман од сите надлежни иснтитуции и ваков тип на состојба. Првпат вонредна состојба прогласивме во 30 години независна држава меѓутоа првпат и во светот се случуваат некои работи поврзани со пандемија на вирусот. Така, ако денес ги имам тие информации што се од надлежните институции, ако денес ме прашувате за одлука таа ќе биде во насока да се прогласат нови 30 денови“, рече претседателот Стево Пендаровски од Тетово, каде ги посети армиските единици во касарната „Кузман Јосифовски Питу” и локалниот Кризен штаб во општина Тетово.