Од физички напади, до онлајн злоупотреба и законодавни неуспеси, ЛГБТ заедницата во Централна и Источна Европа немаше многу за што да биде задоволна во 2021 година.
Популистичките влади во Полска, Унгарија и во други земји можеа да ги искористат фрустрациите и стравовите, некои поттикнати од црковните водачи, некои од пандемијата на ковид-19, за да протуркаат анти-ЛГБТ законодавство.
Правата на ЛГБТИ унапредени, но хомофобијата се уште присутна
Сепак, тоа е дел од поширокиот тренд во поголемиот дел на Европа, тврди Евелин Паради, извршен директор на европскиот огранок на Меѓународната ЛГБТ асоцијација.
„Полска и Унгарија не се аномалии. Во изминатата година, видовме зголемена политичка репресија врз ЛГБТ луѓето, остар пораст на социо-економските тешкотии и ширење на ЛГБТ-фобична омраза на улиците и на интернет низ целиот регион, изјави Паради за РСЕ.
Видете и ова: Зачестени пријави до унгарскиот медиумски регулатор по усвојувањето на ЛГБТ законотГолем бес беше насочен кон новото унгарско законодавство, кое критичарите велат дека ја поистоветува хомосексуалноста со педофилија, но за кое Будимпешта и нејзиниот националистички премиер Виктор Орбан тврдат дека ќе ги заштити децата и семејствата.
Лидерите на ЕУ го осудија новото унгарско законодавство, а претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го нарече „срам“. Но, речиси сите лидери на поранешната комунистичка Источна Европа одбија да потпишат писмо со кое го осудуваат унгарскиот закон.
Тоа го истакна широкиот јаз низ целиот континент, при што некои аналитичари тврдат дека се појавува „Источна европска унија“ заснована врз позиции кои се во спротивност со основните вредности на ЕУ, како што се владеењето на правото, човековите права, медиумските права и правата на ЛГБТ.
„Мислам дека целиот став на оваа усогласеност е многу антиевропски. Тоа покажува знаци на воспоставување на некаква нова железна завеса“, вели Марко Милосављевиќ, професор по новинарство и медиумска политика на Универзитетот во Љубљана, во коментар за Ројтерс.
Од лидери за ЛГБТ првата до негатори
Не беше толку одамна кога работите беа поинакви. Во времето на падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, Централна и Источна Европа генерално беа добредојдени за ЛГБТ луѓето.
Орбан повика на референдум за поддршка на анти-ЛГБТ законот
Ако се вратиме уште подалеку, многу земји во регионот беа авангарда во унапредувањето на таквите права, барем на хартија.
„Во поранешниот источен блок, овие земји навистина напредуваа кон правата на ЛГБТ. Полска, на пример, ја декриминализираше хомосексуалноста во 1932 година, што беше навистина рано“, вели Агњешка Кошцијанска, визитинг професор на Оксфордската школа за глобални и области за студии, во интервју за РСЕ.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Унгарија ја декриминализираше хомосексуалноста во 1961 година, како и тогашната Чехословачка. Бугарија го следеше примерот седум години подоцна во 1968 година.
Во Романија, последното лице кое беше затворено поради хомосексуалност беше ослободено во 1998 година. Три години подоцна, во 2001 година, земјата ја декриминализираше хомосексуалноста додека ги усогласуваше своите закони со ЕУ за да добие членство.
И Југославија почна да ги отфрла своите антихомосексуални закони. Сепак, хомосексуалноста остана нелегална во Србија и Косово до 1994 година, во Македонија до 1996 година и во Босна и Херцеговина до 1998 година.
Јаз во ставовите
Луѓето во Западна и Источна Европа се разликуваат во односот кон ЛГБТ заедницата, покажуваат бројките од анкетите. Мнозинството од анкетираните во сите западноевропски земји ги поддржуваат истополовите бракови, според податоците на истражувањето на Пју Центарот. Во речиси сите источноевропски земји -- со исклучок на Чешка -- мнозинството се против.
Поделбата се проширува што повеќе се оди од запад кон исток, вели Џејкоб Пуштер, помошник директор за истражување на глобалните ставови на Пју.
„Поддршката за ставот дека хомосексуалноста треба да биде прифатена од општеството е доста висока во Западна Европа. Така, во Германија таа бројка е 86 насто, во Холандија е уште поголема со 92 насто, во Шпанија е 89 насто. Но, штом ќе ја поминете линијата на поделба, од другата страна на поранешната железна завеса, тие бројки почнуваат многу нагло да опаѓаат и стануваат уште пониски како што одите во Русија“, изјави Пуштер во интервју за РСЕ.
Според податоците за 2020 година презентирани од Пуштер, 47 проценти од луѓето во Полска и 49 насто од луѓето во Унгарија велат дека хомосексуалноста треба да се прифати. Во Бугарија таа бројка се намалува на 32 насто. Во Русија тоа е 14 проценти. Дури и во полибералната Чешка бројката е само 59 проценти.
Анти-ЛГБТ и анти-ваксери, скроени од истата ткаенина?
Иако општите ставови може да се разликуваат, анти-ЛГБТ чувствата често се поврзуваат со националистичкото и екстремно десничарското движење и во Источна и во Западна Европа, објаснува Хелин Туке, претседавач за европски вредности на Универзитетот во Антверпен.
Илјадници луѓе во Грузија го осудија анти-ЛГБТ насилството
„Членовите на екстремно десничарските партии и движења изразија конзервативни, хетеронормативни и бинарни ставови за родот и сексуалноста кои сериозно го ограничуваат самоизразувањето и слободата на ЛГБТ луѓето и луѓето кои го оспоруваат она што се смета за традиционални родови норми и норми на семејството. Ова е нешто што екстремната десница во Западна Европа го има заедничко со политичарите како словенечкиот премиер Јанез Јанша, унгарскиот премиер Виктор Орбан и владејачката Партија на правото и правдата во Полска“, вели Туке за РСЕ.
Видете и ова: Бугарски претседателски кандидат обвинет за напад врз ЛГБТ центар го загуби имунитетот
Во Бугарија, Бојан Расате, озлогласена личност од екстремната десница, која исто така неуспешно се кандидираше на претседателските избори во земјата во ноември, беше обвинет дека го предводи нападот во Софија на 30 октомври на „Прегратката на Виножито“, место за собирање на ЛГБТ заедницата.
Негативни пораки поттикнати од Русија
Можеби не толку токсични, но непријателските ЛГБТ ставови не се ограничени на маргините на политичките класи во Источна Европа. Во јули, 17 од 27 лидери на ЕУ напишаа отворено писмо во кое го критикуваа новото законодавство на Унгарија. Естонија, Литванија и Летонија беа единствените поранешни комунистички земји што го потпишаа.
Меѓу другото, измените на унгарскиот Устав во декември 2020 година ја сменија дефиницијата за семејства за да се исклучат трансродовите и другите ЛГБТ поединци, дефинирајќи ја основата на семејството како „брак и однос родител-дете“, односно дека „мајката е жена, а таткото е маж“.
Милош Земан, претседателот на релативно либералната Чешка, претходно оваа година изјави за локалната филијала на Си-Ен-Ен, Си-Ен-Ен Прима, дека „навистина му се гадат“ трансродовите луѓе.
Парада на Гордоста за слободен простор „вон ѕидовите“
ЛГБТ заедницата сѐ повеќе се наоѓа на мета на популистички политичари, напиша во август Дуња Мијатовиќ, комесар за човекови права на Советот на Европа.
„Оваа тактика што ја применуваат ултра-конзервативните и националистичките политичари кои се претставуваат како бранители на таканаречените „традиционални вредности“ за да ја зајакнат својата база и да добијат или да останат на власт. Забележав дека стигматизацијата на ЛГБТ луѓето е особено изразена во предизборието и гласовите“, наведува Мијатовиќ.
„Негативниот јавен дискурс на политичарите“ влијаеше на социјалните ставови кон ЛГБТ луѓето, истражувањето на Агенцијата за фундаментални права на ЕУ покажа во 2020 година. „Премногу ЛГБТИ луѓе продолжуваат да живеат во сенка, плашејќи се да не бидат исмејувани, дискриминирани или дури и нападнати“, вели директорот на ФРА Мајкл О'Флаерти.
Видете и ова: САД го издадоа првиот пасош со родово неутрална категорија
Во Централна и Источна Европа, Русија можеби поттикнува дел од ова чувство, тврди извршната директорка на асоцијацијата Прифати, Теодора Јон Ротару, чија група за правата на ЛГБТ го организира годишниот фестивал на гордоста во Букурешт.
„Гледаме во медиумите и социјалните мрежи значителен дел од руското мешање и ширење на лажни вести, со цел да поттикнат конфликт и анти - родови движења“, изјави Ротару за РСЕ.
„Треба да сфатиме дека безбедносните експерти веќе го гледаат овој тип на однесување како дел од хибридната војна што Русија ја води кон ЕУ, напаѓајќи ги нашите основни европски вредности - слободата, демократијата, владеењето на правото и еднаквоста“, додаде таа.
Тврдо конзервативните влади во Централна и Источна Европа не само што поттикнуваат анти-ЛГБТ ставови, туку ги комплицираат и напорите за заштита на ЛГБТ луѓето. Во октомври, министрите за правда на ЕУ не успеаја да усвојат заеднички став за стратегијата на ЕУ за правата на детето кога Полска и Унгарија ставија вето на референците на ЛГБТ содржината.
„Постои речиси целосен застој на ЛГБТИ правата и еднаквоста во ЕУ и Европа, што е крајно загрижувачко особено во толку критично време за ЛГБТИ заедниците. Движењето кое ги напаѓа правата на жените, ЛГБТИ правата, сексуалните и репродуктивните права стана многу поприсутен, побогат со ресурси и активен низ Европа“, предупреди Паради, додавајќи: „Во некои земји има вистинска регресија, а правата што беа признати сега се оспорувани.