Загадување на бреговите на реките кај Белград

Должината на речниот брег на Белград 200 км. Вака изгледа Дунав, во близина на кејот во Земун.

Преминот кон популарната градска плажа Лидо, која се наоѓа на Големиот воен остров.

Проблемот со ѓубрето што лебди на површината на реките постои со години.

За време на понискиот водостој, ѓубрето од речните површини често се задржува на бреговите на главниот град. Реката Дунав во близина на Земунскиот кеј.

Низ Белград, Сава тече во должина од 30 км, од Обреновац до устието. Вака изгледа реката Сава во делот кај Новиот мост, после Саемот.

Градоначалникот на Белград Зоран Радојичиќ, во неколку наврати најавуваше дека се подготвуваат долгорочни планови за набавка на неколку бродови, катамарани, кои ќе собираат отпад од реките. 

Реката Сава во близина на мостот на Ада. Во близина на овој дел од крајбрежјето има голем број сплавови - приватни и угостителски објекти.

Пластични шишиња, 'рѓосани буриња и друг отпад лебдат на реката Сава во близина на Белградскиот саем.