Енормното загадување стана (не) нормално
Во Македонија стана „нормално“, секоја зима, луѓето да живеат во услови на енормно загадување. Скопјани со недели дишат токсичен воздух, а главниот град е на врвот на листите со најзагадени градови во светот. Аерозагадувањето годишно зема и над 4000 човечки животи. Нови мерки од надлежните нема, а граѓаните губат надеж дека ќе биде подобро.
Видете и ова: Токсичниот воздух зема 4000 животи годишно - граѓаните губат надеж„Постојат решенија, но, тоа што не постои моментално е волјата на властите. За жал и оваа власт не успеа да го стави во прв план зачувувањето на животната средина, а со тоа, уште поважно, да се грижи за здравјето на граѓаните на Македонија“, вели Аријанит Џафери, од здружението Еко Герила.
Корупцијата ги „изеде“ капиталните проекти
Нормална работа во Македонија е и корупцијата, и тоа крупната. Милиони евра годишно се излеваат од буџетот низ коруптивни канали. Ако државата ревносно ги „затнува тие одливи“ ќе има пари за многу ветени, а нереализирани проекти. Се проценува дека годишно „се крадат пари“, колку за еден Клинички центар, или пак колку за пруга кон Бугарија, автопат до Охрид, до Блаце...
Видете и ова: Корупцијата годишно „јаде “ по еден нов Клинички центарОд американската амбасада во Скопје предупредуваат дека корупцијата е клучен проблем во државата, а евроамбасадорот Дејвид Гир на два пати без дипломатски ракавици упати директна порака.
„Време е за акција. Зборови и изјави за добри намери не се ефикасни“ рече Гир
Нема лек и за иселувањето кое станува и безбедносен проблем
Како на нормална работа се гледа и на желбата на сè поголем број луѓе, главно млади, да се иселат од државата.
Претседателот на државата Стево Пендаровски во годишниот говор во Собранието рече дека пописот потврди дека „најголемата опасност по нашата национална безбедност, останува да биде -демографијата.
„Белата чума продолжува да ја десеткува нацијата“. Според проекциите на Обединетите нации до 2050-та, доколку се задржат овие трендови, „во земјата ќе има само околу еден милион жители од двата милиони колку што бевме кога ја конституиравме државата“, изјави Пендаровски. Но, и тука сè останува на разни стратегии и дебати, но конкретни мерки нема.
Легална марихуана на нелегален пазар
Релативно нов „нормален бизнис“ во државата стана и марихуаната за медицински цели, која сè почесто завршува кај шверцери, а акциите на МВР, па и на американската ДЕА, некогаш успешни, некогаш провалени.
Видете и ова: Обвинувања за шверц на дрога со политичка заштитаМинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски деновиве објави дека лани била запленета дрога во вредност од 6 милиони евра. Но, некои исчезнувања на медицинска марихуана останаа неразјаснети, а од медиум во Албанија беа пласирани информации за политичко полициска заштита на шверцот со дрога.
Колективно и индивидуално лудило
Ако сето ова претходно не ви изгледа нормално, може да ви се случи да ве сметаат за „ненормален“. Владиката Пимен, во интервју за Радио Слободна Европа вели: „За луд се смета оној човек чие лудило не се совпаѓа со колективното“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Цимбаљук - Русија не сака преговори за мир, само пауза за регрупирање на силите
Војна никако не може да биде нормална работа. Украинскиот амбасадор во ОБСЕ Евгени Цимбаљук во интервју за РСЕ вели дека не верува во искреноста на Русија за преговори за мир. Бидејќи враќањето на мисијата на ОБСЕ во Украина засега не е можно, затоа што е потребен консензус, тој предлага креативно решение - испраќање специјални претставници.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Последици од војната врз децата во Украина
Околу 500.000 деца ја напуштија Украина поради војната, но поголемиот дел од нив останаа дома. Траумите од војната кај нив се видливи. 75% од децата таму имаат психолошки проблеми.
Видете и ова: Војната им го смени животот на децата во Украина