Над земја, вообичаено прометните улици во Киев беа морничаво празни, без автомобили и луѓе. Продавниците беа затворени, а редици жители чекаа пред банкоматите за да добијат пари во готовина. Колони автомобили со празни резервоари беа наредени на бензинските пумпи.
Во меѓувреме, некои луѓе се засолнуваа под земја, во познатото градско длабоко метро, носејќи облека, ќебиња, лекови и храна, како и нивните миленици додека ги слушаа предупредувањата дека рускиот напад врз главниот град на Украина би можел да биде неизбежен.
„Не знаеме колку долго ќе бидеме овде. Можеби преку ноќ. Можеби подолго? Кој знае?“, рече 42-годишната Екатерина која седеше со нејзината мајка, 64-годишната Викторија, на тенко перниче за спиење на тврдиот под на станицата „Плоштадот Лав Толстој“. Со себе тие ја имаа нивната 12-годишна чивава Лукас.
„Се разбудивме од експлозиите во пет часот утринава. Оттогаш навистина не спиевме“, рече таа, залепена за нејзиниот паметен телефон како и речиси сите други во станицата на метрото.
Украина е во војна речиси осум години. Владините сили се борат со сепаратистите поддржани од Русија кои држат делови од источниот регион на земјата познат како Донбас.
Тоа е конфликтот во кој загинаа повеќе од 13.200 луѓе, а беа раселени повеќе од 1,5 милиони, но исто така конфликт кој беше оддалечен од Киев.
Сега Украина е во војна со Русија, откако огромниот источен сосед на земјата започна голема инвазија на 24 февруари.
Видете и ова: Зеленски: руски диверзантски групи влегле во КиевЕксплозиите пред зори го разбудија градот, кога многумина побрзаа да се упатат кон бензинските пумпи да ги наполнат со гориво своите автомобили, а потоа се упатија на запад или на југ и се заглавија во километри долг сообраќаен метеж.
Во попладневните часови, предупредувањата од властите ги вжештија телефоните на жителите на Киев кога многумина истрчаа под земја во метроата, земајќи се што можат со надеж дека нема да мора таму да останат долго.
„Никој во современиот свет не очекуваше дека ќе бидеме овде долу во метрото, дека ќе кампуваме, ќе се криеме, како она што го читавме и видовме на фотографиите од Втората светска војна“, рече 36-годишната Емилија - ИТ-програмерка која на станицата „Мајден Незалежности“ седеше на клупа заедно со нејзината 8-годишна ќерка Ира.
Тоа е станицата под плоштадот каде случуваа протестите во 2014 година кои доведоа до соборување на претседателот кој беше пријателски настроен кон Москва.
Русија тогаш на таквиот развој на настаните одговори со заземање на украинскиот Полуостров Крим и со поттикнување на сепаратизам во Донбас, каде што во текот на целиот конфликт им дава клучна поддршка на антикиевските сили.
„Која е поентата на оваа глупост?“, праша Емилија.
Сепак, таа вели дека може да биде полошо: „топло е, има светлина, безбедно е“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Додека засолништата од експлозии на различни локации низ градот се покажа дека се во лоша состојба, метрото во Киев за многумина беше релативно добра дестинација.
Грешка на серверот
Како што гледате, ова не е тоа што сакавме да ви го покажеме
Користете го Пребарај за да побарате и на други места
Руските сили нападнаа на повеќе фронтови во Украина, а нападот ги оствари најлошите очекувања на западните разузнавачки аналитичари, за тоа што планираше да направи рускиот претседател Владимир Путин.
Експлозиите кои се слушнаа во Киев рано утрината, се чинеше дека се првиот бран напади врз воената инфраструктура во регионот на Киев.
Извештаите на украинската влада велат дека воздушните единици притискале кон предградијата на Киев се до самрак. Меѓутоа, руските официјални лица, вклучително и самиот Путин, ја сигнализираа можноста за напад врз Киев, чија цел би била смена на владата на претседателот Володимир Зеленски.
"Што мислиш? Се разбира дека сум исплашен. Руски тенкови на улиците?“, вели Мансур продавач на шаварми роден во Узбекистан. Тој рече дека има корист од фактот што речиси сите ресторани и кафулиња во соседството се затворени: „Бизнисот е добар. Не можам да се пожалам“.
Горе, над земја, Мајдан беше главно празен, освен ТВ екипите, некои пешаци, неколку припадници на територијалната одбрана и 63-годишниот Давид - машински инженер со потекло од Грузија.
Тој позираше и правеше селфи фотографии, како и туристички кадри пред спомениците на Мајдан заедно со неговата сопатничка од Украина која одби да го каже своето име, а рече само дека е од северниот град Полтава.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Давид се насмеа на прашањето дали се исплашени да бидат надвор во градот поради предупредувањата за можен напад. „Претходно го живеев ова. Го видов тоа со свои очи“, рече тој:
„Јас сум од Гори. Во 2008 година тие нападнаа и таму“, рече Давид мислејќи на петдневната руско-грузиска војна во која руските сили го бомбардираа и накратко го окупираа градот Гори, меѓу останатите локации во јужнокавкаската земја.
„Тоа што го прават Русите е нелогично“, рече Давид кој студирал инженерство во Тбилиси и Москва, но се преселил во Киев по војната во 2008 година.
„Нема логика во тоа. Што е поентата? Има Руси кои живеат овде во Украина. Има Украинци кои живеат таму, во Русија“.
„Она што за мене е болно е да мислам на сите млади луѓе кои би можеле да загинат, да страдаат: Русите, Украинците... И која е поентата? Тоа е сосема нелогично“, рече тој.
53-годишната Лилија Дикун била во ноќен воз кој се враќал од градот Бахмут во Донбас за Киев, кога пред зори ја разбудило непрекнато зуење на нејзиниот мобилен телефон.
Таа се разбудила за да одговори на повикот од нејзиниот постар син во Харков, вториот по големина град во Украина, кој е северно од Донбас и блиску до руската граница.
Набргу потоа, целиот вагон зуеше од мобилните телефони на кои беше испратена истата порака: Нападот на Русија врз Украина започна.
Дикун, која работи за геодетска компанија и патувала во Киев на состаноци кои се чинеше дека сега се целосно откажани, рече дека се сеќава кога првпат започнала војната во Донбас, во 2014 година.
„Тоа не беше вистинска војна, тоа беше како деца да се борат за играчка во песокот, игралиштето“, рече таа.
„Сега, не знам што ќе се случи. Не знам зошто тоа се случува“.
Таа рече дека нејзиниот син, кој има 32 години, брзал да го напушти Харков со сопругата и 6-годишната ќерка по извештаите дека руските војници ја преминале границата.
„Навредливо е да се бориме против нашите сопствени браќа и сестри. Бевме една земја за време на Советскиот Сојуз. И сега сме две земји, и тоа е добро. Но, не треба да се караме едни со други“, рече таа.