Женски полициски час, див седеф, битолски екс градоначалник...
ТУРКМЕНИСТАН - Властите во Туркменистан ја забранија употребата на зборот коронавирус и го исклучија од секојдневниот говор, со цел да ги скријат информациите за пандемијата, соопшти невладината организација Репортери без граници. Туркменистанскиот претседател ги посоветувал граѓаните да се лекуваат со народен лек од растението диф седеф.
МАКЕДОНИЈА - Владата излезе со сет мерки за надминување на економската криза од коронавирусот, меѓу кои минимална плата за функционери, плати за оние кои изгубиле работа, поволности за фирмите. Економистите оценуваат дека се доцни со мерките.
МАКЕДОНИЈА - Министерството за здравство информираше дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починале двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар. Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата.
MAKEDONIJA - Основниот кривичен суд Скопје денеска изрече првостепена пресуда за случајот Транспортер, кој се водеше против поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, и уште 20 лица.
МАКЕДОНИЈА - Три години и шест месеци затворска казна добија функционерите од ДУИ Ејуп Аљими и Исмет Гури, кои беа обвинети во предметот на сега поранешното специјално обвинителство Титаник 3. Тие беа обвинети за изборни измами дека како членови на Општинска изборна комисија во Чаир за време на локалните избори во 2013 години, уништувале изборен материјал.
ЦРНА ГОРА - Црногорските власти воведоа забрана за движење како една од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Граѓаните нема да можат да ги напуштат своите домови во работните денови од 19 до 5 часот наутро, а за време на викендите од 13 часот до понеделник наутро, соопшти Владата на Црна Гора, на својот официјален Твитер налог.
ПАНАМА - Панама најави строги карантински мерки со кои, во обид да се забави ширењето на коронавирусот, ќе се одвојат граѓаните според пол, објави Ројтерс. Од утре, на мажите и жените ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови на два часа, еден по еден, но во различни денови.
СЕВЕРНА КОРЕЈА - Пјонгјанг се закани дека ќе стави крај на дијалогот со САД, откако шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео, изјави дека едвај чека разговорите со Северна Кореја повторно да почнат.
БУГАРИЈА - Лидерот на проруската Партија за преродба во Бугарија Костадин Костадинов е обвинет во Софија за ширење лажни информации за коронавирусот кои можат да предизвикаа паника. Костадинов потврди за Радио Слободна Европа дека е обвинет.
САД - Претседателот на САД, Доналд Трамп на новинарите во Белата куќа им претстави нов брз тест на новинарите, кој треба да може да потврди позитивен резултат на вирусот на корона за само пет минути. Постарите тестови, развиени во лаборатории, можат да дадат резултати за четири до осум часа.