Женски лица исчезнуваат од улиците во Кабул
Мурал во Кабул на жена-избирач, која е префарбана со спреј за да го покрие нејзиното лице
Затворени салони за убавина со пребоени женски лица. Еден локален жител во Кабул вели дека таквите бизниси биле речиси исклучиво управувани од жени. Тој додава дека во некои случаи уплашените машки роднини на сопствениците на продавниците побрзале да ги пребојат излозите.
Влезот во затворен салон за убавина во населбата Шар-е-Нау во Кабул
Префарбано лице на жена на влезот во трговски центар
Талибански борец со пушка од американско производство поминува покрај салон за убавина со слики на жени кои се обезличени со спреј во Шар-е-Нау.
Мурал со кој се промовираат правата на жените и слободниот печат во Кабул со избришани лица на жени. Се верува дека некои обезличувања на сликите како овие се направени од локални жители кои ги поддржуваат Талибанците и нивниот поглед на светот.
Работници префарбуваат лик на млада жена. Подоцна таму беа напишани разни талибански пароли.
Лицето на младата жена исчезнува под белата боја што ја нанесуваат работниците
Sид обоен во бело со порака во која се вели: „За исламски систем и независност, мора да бидете трпеливи“.
Момче шета низ ходникот на пазар за облека во кој е префарбано секое женско лице на моделите.
Редица салони за убавина во кои женските лица - барем оние што се на дофат - се набрзина покриени со фолија
Излог на салон за убавина во Шар-Нау
Students listen to a lecture at a private university in Kabul on September 6. The Taliban has decreed that students must be segregated by gender. Other photos from Kabul show male and female students separated by a curtain.