Новата методологија ќе стави сопирачки врз проширувањето на ЕУ

Скопје - 03,02. 2020

Бриселски поглед на дописникот на РСЕ Рикард Јозвијак - Новата методологија за проширување на Европската комисија, што беше објавена денеска, на прв поглед се чини дека е разумна, и со многу пристојни идеи. Но, не правете грешка, ќе биде се потешко да и се приклучите на ЕУ.

Новата методологија за проширување на Европската комисија, што беше објавена на 5 Февруари ,на прв поглед се чини дека е разумна, и со многу пристојни идеи.

Но, не правете грешка, доколку биде одобрена, тоа значи две работи: ќе биде потешко од кога и е да се приклучите на блокот и државите членки на ЕУ, ќе бидат на местото на возачот пред бирократите на Брисел, во кога станува збор за политиката за проширување на ЕУ. На крајот на краиштата, ова е лоша вест за надежите на ЕУ во Западен Балкан, како и за земји како што се Грузија, Молдавија и Украина.

Јасно е дека требаше нешто да се направи со политиката на проширување на ЕУ по дебаклот минатата есен.

И покрај тоа што Европската комисија ги повикаше земјите - членки на ЕУ да им дадат зелено светло на Северна Македонија и Албанија две години и тие да започнат разговори за пристапување, тврдоглавоста на Франција (со поддршка од Данска и Холандија кога станува збор за Албанија), наместо тоа, донесе црвено светло. Истото се случи и минатото лето, како и летото пред тоа.

Видете и ова: Што предвидува новата методологија на ЕУ




На многу начини, новиот предлог е тука за да ги смири најскептичните земји-членки на ЕУ.

Предлогот е постигнат за помалку од два месеци по искажаниот став на Франција што рекорд кога станува збор за тоа како Брисел ги испорачува работите. Но вистината е дека ова е далеку од готово.

Земјите - членки сепак, би можеле да го отфрлат предлогот како премногу слаб, а има гласини дека некои можеби имаат намера да го повлечат, така што покажаната намера на Брисел конечно да им ги даде зелено светло на Тирана и на Скопје на самитот ЕУ - Западен Балкан во Загреб може да пропадне.

Што има во документот за новата методологија

Што документот ќе значи за Албанија и Северна Македонија, а потенцијално за Босна и Херцеговина и Косово кои се наоѓаат на тој пат?

Видете и ова: Новата методологија, чекор назад или напред кон ЕУ?

Предлогот нуди повеќе можности, а тоа е земјите - членки на ЕУ да го мониторираат напредокот, има финансиски придонеси од ЕУ, кои можат да се зголемат повеќе или помалку во зависност од перформансите и поглавјата на преговорите. Натаму, 33 до 35 области на политики во кои земјите кои се кандидатите за ЕУ ќе мора да ги копираат европските закони во нивното домашно законодавство - ќе бидат отворени и затворени кластери во 6 кластери, наместо индивидуално, како што е случај сега. Последната точка може да изгледа како мала промена, но не е. Денес, поглавјата се отвораат прилично случајно, што дава впечаток дека кандидатите барем напредуваат. Со кластери, едно поглавје нема да биде затворено сè додека не се затворат сите поглавја. Ова јасно дава до знаење дека проширувањето во иднина нема да се движи на брза лента.

Ако земете предвид, дека со ова земјите-членки можат да ги отворат веќе затворените поглавја, тогаш е јасно дека Комисијата им ги предава надлежноста на националните престолнини, особено на оние што би можеле да го користат процесот на проширување на ЕУ за навидум домашни цели. Тоа сега беше Париз и до одреден степен Хаг и Копенхаген, но утре може да биде некој друг.

Како и да гледате на предлогот, веројатно ќе има повеќе пречки од кога и да било за пристапување во блокот, всушност толку многу што еден официјален претставник на ЕУ со кој зборував, истакна дека големото проширувањето од 2004 и 2007 година, кога беа внесени 10 држави од Централна и Источна Европа „веројатно никогаш не би се случило во овие нови времиња“.

Друг интересен аспект е, секако, за кои земји ќе се примени оваа методологија. Србија и Црна Гора, кои веќе ги започнаа своите преговори за пристапување во ЕУ, не се внатре, при што Комисијата смета дека би било погрешно да се промени правилото на играта додека играта трае, иако тие можат да избираат да одлучат поинаку.

Турција, која веќе со години има застој во разговорите со Брисел, не се ни споменува.

Повеќе земји во европското соседство веројатно посакуваат да можат да се приклонат кон оваа методологија зато што барем нуди пат, макар и многу тежок.