Честитки за Северна Македонија, како и за Албанија за значајниот чекор што го направиле кон членството во ЕУ и поддршка за реформите и за што побрза интеграција на двете земји упати денеска специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар на онлајн брифинг со новинари од регионот. Позицијата на САД за Северна Македонија, како што рече Ескобар, е дека земјата е голем партнер и лојален пријател и силно придонесува во трансатлантската заедница. Македонците се Европејци и на историски и на културен план, а и на економски план Северна Македонија е во Европа и ќе има важен придонес во разни области како транспортот, ит секторот и и енергетиката, додаде Ескобар.
Видете и ова: Корупцијата и судството приоритети на новата американска амбасадорка„Што се однесува на движењето кон Европа би рекол дека Северна Македонија го заслужи правото да оди напред во процесот. Направи тешки реформи и продолжува да прави тешки реформи. За САД прашањето за јазикот и културниот идентитет на Северна Македонија не е прашање и ја охрабруваме Северна Македонија да продолжи со конструктивниот дијалог со нејзините соседи и да се движи што побрзо може во пристапниот процес и ние ќе бидеме силен партнер охрабрувајќи ја Северна Македонија и поддржувајќи ја Севрна Македонија во тој процес и на крајот Северна Македонија ќе биде успешна во тој процес“, рече Ескобар.
Одговорот на Ескобар се однесуваше на прашањето која е позицијата на САД откако Северна Македонија го започна процесот на преговорите со ЕУ по потпишување на протоколот со Бугарија, но тие се условени со донесување на уставните измени, односно внесување на Бугарите во македонскиот Устав, на што се противи опозицијата и бара референдум за прашањето и дали има гаранции дека источниот сосед нема да стави повторно вето и побара прашањата за историјата да бидат дел од процесот.
На 19 ти јули во Брисел каде се одржа првата меѓувладина политичка конференција на Северна Македонија со Европската унија, прв чекор пред старт на преговорите за полноправно членство на земјата во ЕУ. Во исто време започна скрининг процесот со кој ќе и се овозможи на земјата да се запознае со правата и обврските во ЕУ.
Во однос на ситуацијата со одложување на одлуката регистарските таблици и издавањето на таканаречените документи за влез и излез за сите граѓани на Србија кои влегуваат во Косово до 1 септември, Ескобар порача дека факт е оти претходниот договор бил привремен и временски ограничен и било потребно Србија да обезбеди препорака за долгорочно решение.
„Се уште се надеваме на тоа. Во исто време се надеваме на поширока дискусија на тоа како двете земји може да одат напред за создавање на некои можности за подобри односи, за слобода на движење, за поголема интеграција во Европа, така што мислам дека дека овој месец ќе ни даде некои можност за да се направи напредок за пошироки прашања во дијалогот, не само прашањето за регистарските таблици“, смета Ескобар.
Тој посочи дека се надева оти двете страни ќе може сами да најдат решение и тоа е целта на дијалогот со посредство со ЕУ и за регистарските таблици е потребно трајно решение.
„Навистина мислам дека на ова трајно решение не треба да се гледа на нешто што ќе го смени значајно животот на луѓето во Северно Косово. Едноставен факт е и беше очекувано дека возилата кои оперираат во Kосово треба да бидат регистрирани и работат во согласност со законите на таа земја и тие треба да овозможат слобода на движење не само во Косово и во Србија туку и целосно во регионот и во Европа“, посочи Ескобар.
На прашањето дали Русија е фактор кој влијае на Србија за дестабилизација на Косово, тој смета дека со малку исклучоци она што се случува на Балканот се должи пред се на фактори кои се случуваат на Балканот и затоа е важно лидерите на Србија и Косово да се најдат во Брисел со посередство на дијалогот на ЕУ и да најдат решение за разликите за сите отворени прашања.
„Треба да се фокусираме на проблемите кои може да се решат на Западен Балкан со дипломатија и со конструктивен дијалог. Да Русија се обидува да има улога, но таа улога не е толку важна како дестабилизирачкиот фактор на некои политичари и некои актери кои оперираат во самиот Западен Балкан“, порача тој.
Видете и ова: Тензиите на Косово ги зајакнаа руско-српските врскиКосовските власти најавија дека ќе го одложат спроведувањето на одлуките за 30 дена откако на 1 август се отстранија барикадите поставени од локалните Срби во северно Косово. Дотогаш, документите за влез во Косово на граѓаните на Србија им се издаваат на сите премини со Србија, освен на Јариње и Брњак, кои се затворени поради барикади.
Србите на северот на Косово на 31 јули ги блокираа патиштата на север со камиони и други возила во знак на протест против одлуките на Владата на Косово од 29 јуни. Овој документ се планира да се издава на сите копнени и воздушни премини и има важност од 90 дена, како и документот што српските власти го издаваат на граѓаните на Косово при влез во Србија. Истовремено требаше да стапи на сила одлуката за пререгистрација на автомобилите со акронимите на градовите на Косово издадена од Србија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќнепосредно пред одлуката на Владата на Косово, вечерта во неделата на 31 јули изјави дека претстои веројатно најтешката политичка борба во наредните недели и месеци и порача дека се прави се за да се смири ситуацијата на северот на Косово.