Ерменија во жалост и протести

Ерменски знамиња и свеќи ги покриваат воените гробишта Јераблур во Ереван на 18 декември. Фотографијата е направена во пресрет на тридневната национална жалост за оние кои загинаа војувајќи против азербејџанските сили во и околу отцепената област на Азербејџан, Нагорно Карабах.

Марш низ центарот на Ереван на 19 декември

Воените гробишта Јераблур во Ереван на 19 декември. Во конфликтот загинаа скоро 3.000 Ерменци од 3 милиони жители.
 

Тага на гробиштата Јераблур на 19 декември.

Жени жалат за некој близок на гробиштата Јераблур на 19 декември.

Телохранители го чуваат ерменскиот премиер Никол Пашинијан додека влегува на гробиштата во Јераблур на 19 декември.

Ерменскиот премиер им оддава почит на воените гробишта. Многу Ерменци се лути од начинот на справување со конфликтот од страна на Пашинијан и шокантната најава за мировен договор со кој се отстапи територија на силите на Азербејџан што претходно беше под контролна на етничките ерменски сили.

Ерменската полиција е на стража додека Пашинијан оддава почит на воените гробишта на 19 декември.

Жена на гробот на еден млад војник на гробиштата Јераблур на 19 декември

Мажи во воена униформа на гробиштата Јераблур на 19 декември на гробот на волонтер кој загина во конфликтот

Жени плачат за време на црковната служба што се одржа во Ереван на 19 декември.

Ерменскиот претседател Армен Саркисијан на гробиштата Јераблур на 20 декември. Саркисијан повика на предвремени парламентарни избори како одговор на раширениот гнев од справувањето на владата со конфликтот и мировниот договор. 

Пашинијан (во средина) шета низ Сисијан во регионот на Сиуник. Посетата на 21 декември се претвори во катастрофа во односите со јавноста за премиерот, бидејќи толпите го блокираа неговото доаѓање и тој беше принуден да патува со хеликоптер во јужниот ерменски град.

Пашинијан запали свеќа внатре во црквата на воените гробишта во Сисијан на 21 декември. Ерменскиот премиер беше отворено игнориран од свештеникот кој одби да се ракува со него.