Енергетски(не)ефикасни згради

Новата фасада на ќуката во која живее Рубин Илиев.Својот дом тој го изолирање со 10-ка стиропор, во желба да губи што е можно помалку енергија за греење во зима и ладење во лето. 

Голем дел од скопските згради имаат оштетени фасади, а нивното реновирање оди тешко поради високите цени.

Необична фасада во скопската населба Ченто

Голем дел од зградите во земјава воопшто немаат фасада. Ова придонесува за зголемена потрошувачка на енергија и губење на половина од топлината во зима. 

При изградбата на постарите згради во 80-тите, како оваа на сликата, нивната изолација не била приоритет. Поголем дел од станарите во оваа скопска зграда ги имаат зачувано и дрвените прозорци кои испуштаат надвор голем дел од енергијата. 

Само 11 % од македонските згради имаат инсталирано сончеви колектори, а голем дел од нив се ставени со помош на субвенции. Така на пример, минатата година Министерството за економија обезбеди поврат на средства во висина до 30% (но не повеќе од 10.000 денари) за домаќинствата кои имаа купено сончеви колектори. 

Дел од зградите во Скопје, градени по земјотресот се монтажни. Ова е една од тн. лимени згради, чија фасада е целосно изработена од лим. 

Нова зграда со енергетски -ефикасна фасада. Во новите правилници за градба енергетската -ефикасност на објектот е задолжителна, за што има строги стандарди. 

Дел од фасадите во висококатниците беа сменети со помош на субвенции од општината, која во целост ја плаќаше промената на фасадата, или зависно од договорите станарите најчесто плаќаа 30% од сумата. Во дел од зградите пак граѓаните сами си финансираа, но поради немањето согласност од сите станари, се случува „шаренило“ од стара и нова фасада на ист објект. 

Мал сончев систем на приземјето на зграда во скопски Аеродром

Дел од зградите во Скопје се празни. Живеењето во зграда без фасада, ги удвојува сметките за греење.