Емоции и дигитални приказни под ведро скопско небо

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Уметникот Тома Димовски со изложбата „Единица и нула“, ја извади уметноста надвор од четири ѕида, со поставување на делото на еден, 20 метри долг ѕид, под отворено небо. Неговите специјални гости во паркот „Ибни Пајко“- членовите на првиот инклузивен градски хор, извадија неколку познати македонски стихови. На настанот организиран од уметничкиот колектив „Партизанска штампа“, хорот потсети дека емоциите се важни, а авторот-дека и тие, како и скоро сè останато, во последно време се дигитализирани.