Џорџа Мелони се чини дека ќе стане првата жена премиер на Италија на чело на нејзината најдесничарска влада од Втората светска војна, откако ја предводеше конзервативната алијанса до триумф на изборите во недела.
Речиси конечните резултати покажаа дека десничарскиот блок треба да има солидно мнозинство во двата дома на парламентот, што потенцијално ќе и даде на Италија ретка шанса за политичка стабилност по години на пресврти и кревки коалиции.
Европските избори ќе влијаат и врз македонската иднина
„Џорџа Мелони победи“, пишува најтиражниот италијански дневен весник Кориере дела Сера на својата насловна страница, додека десно ориентираниот Ил Темпо излезе со наслов „На ред е Џорџа“.
Мелони и нејзините сојузници се соочуваат со застрашувачки список на предизвици, вклучително и зголемените цени на енергијата, војната во Украина и обновеното забавување на третата по големина економија во еврозоната.
Видете и ова: Фон дер Лајен упати предупредување до италијанската десница„Мораме да запомниме дека не сме на крајната точка, ние сме на почетната. Од утре мора да ја докажеме нашата вредност“, им рече 45-годишната Мелони на поддржувачите на нејзината националистичка партија Браќа на Италија.
Мелони ги отфрла постфашистичките корени на нејзината партија и ја прикажува како мејнстрим група како британските конзервативци. Политичките почетоци на Џорџа Мелони се поврзани со неофашистичка младинска организација.
За разлика од претходно, Мелони повеќе не сака да ги напушти Европската Унија и еврозоната.
Таа ја осуди руската агресија врз Украина, но го поздрави Брегзит и ги поддржа Полска и Унгарија во спорот за владеењето на правото.
Мелони сепак вети дека ќе ја поддржи западната политика за Украина и нема да ризикува со кревките финансии на Италија.
Орбан сака да формира нова политичка група во ЕУ
Европските престолнини и финансиските пазари внимателно ќе ги испитаат нејзините први потези, со оглед на нејзиното евроскептично минато и амбивалентната позиција на нејзините сојузници кон Русија.
Во нејзиниот победнички говор, Мелони даде помирувачки тон.
„Ако сме повикани да управуваме со оваа нација, ќе го направиме тоа за сите Италијанци, со цел да ги обединиме луѓето и да се фокусираме на она што не обединува, а не на она што нè дели“, рече таа.
Со пребројани резултати на повеќе од 90 отсто од избирачките места, Браќата на Италија водат со повеќе од 26 насто, што е повеќе од само 4 насто на последните национални избори во 2018 година.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Спротивно на тоа, нејзиниот главен сојузник претрпе катастрофална ноќ, при што Лигата на Матео Салвини доби околу 9 насто од гласовите, што е помалку од над 17 проценти пред четири години, и беше надмината од Мелони во сите нејзини традиционални места на север.
Другата голема конзервативна партија, Форца Италија на Силвио Берлускони, освои околу 8 насто.
Видете и ова: Италијанскиот премиер поднесе оставка по распадот на коалицијатаИако се прогнозира дека сојузот на Мелони ќе има удобно мнозинство во горниот и долниот дом, неговите членови имаат различни позиции за неколку прашања кои би можело да биде тешко да се усогласат.
Салвини, на пример, ги доведува во прашање санкциите на Западот против Русија и тој и Берлускони честопати го изразуваа своето восхитување од нејзиниот лидер Владимир Путин.
Тие, исто така, имаат различни ставови за тоа како да се справат со зголемените сметки за енергија и дадоа низа ветувања, вклучително и намалување на даноците и пензиските реформи.
Сара Карлсон, виш потпретседател на агенцијата за кредитен рејтинг Мудис, рече дека следната италијанска влада ќе мора да управува со должничкиот товар „што е ранлив на негативниот раст, трошоците за финансирање и развојот на инфлацијата“.
Мелони ќе ја преземе функцијата од премиерот Марио Драги, поранешниот шеф на Европската централна банка, кој го турна Рим во центарот на креирањето политики на ЕУ за време на неговиот 18-месечен мандат, создавајќи блиски врски со Париз и Берлин.
Во Европа, првите што ја поздравија нејзината победа беа тврдодесните партии во Шведска, Шпанија и Франција, како и национал-конзервативните влади на Полска и Унгарија, кои имаат затегнати односи со Брисел.
Тајна снимка потврдува руско мешање во европските избори?
И покрај јасниот резултат, гласањето не е целосна поддршка за конзервативната алијанса. Излезноста беше само 64 насто наспроти 73 проценти пред четири години - рекордно ниско ниво во земја која историски има силно учество на гласачите.
Десницата целосно го искористи италијанскиот изборен закон, кој им користи на партиите кои создаваат сојузи пред гласањето.
Левиот центар и центристичките партии не успеаја да се поврзат и иако освоија повеќе гласови од конзервативците, на крајот завршија со многу помалку пратенички места.
Централно-левичарската Демократска партија (ПД) освои околу 19 проценти, додека левичарското Движење 5 ѕвезди доби околу 15 насто, што е резултат над очекувањата. Центристичката група „Акција“ беше на нешто повеќе од проценти.
„Ова е тажна вечер за земјата“, рече Дебора Серачиани, висок пратеник на ПД, додавајќи: „Десницата го има мнозинството во парламентот, но не и во земјата“.