Експлозијата во Чешка во 2014 година за која се обвинуваат руски агенти
Пиротехничар изврши увид на местото по смртоносната експлозија во 2014 година. Постои „основано сомневање во врска со улогата на припадниците на руското воено разузнавање… во експлозијата“, рече чешкиот премиер Андреј Бабиш на 17 април.
Во експлозијата две лица загинаа.
Дрон врши увид на местото на експлозијата. Два месеца по првата експлозија, други 13 тони муниција експлодираа на истото место.
Причината за експлозиите никогаш не беше јавно откриена досега. Нејасно е дали има нови разузнавачки информации што ги поттикнаа чешките власти да го објават соопштението.
Чешкото списание „Респект“ објави дека муницијата и оружјето што биле уништени биле наменети за Украина, која во 2014 година се бореше со сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина. Борбите во источна Украина продолжуваат. Повеќе од 25 украински војници се убиени досега оваа година.
Претседателот на чешкиот Сенат, Милош Вистрчил, долгогодишен критичар на Бабиш, сугерираше дека експлозијата може да се смета за акт на „државен тероризам“.
„Неопходно е да се реагира јасно, самоуверено и остро на тоа“, рече Вистрчил пред новинарите.
На 6 декември 2014 година, пиротехничарите успеале да отстранат артилериска граната од покривот на оштетената зграда во близина на депото.
Локалните жители беа евакуирани од околу Врбетице неколку дена по експлозијата поради опасностите идентификувани од пиротехничари.
Чешкиот премиер Андреј Бабиш (десно) и министерот за внатрешни работи и вршител на должноста министер за надворешни работи Јан Хамачек на вонредна прес-конференција доцна на 17 април. Бабиш ја обвини за експлозиите руската воена разузнавачка агенција позната како ГРУ, конкретно единица позната како Единица 29155.
Единицата 29155 е поврзана со низа обиди за атентат и други саботажи низ Европа, вклучувајќи го и труењето на рускиот поранешен двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Англија во 2018 година. Чешката полиција исто така објави дека трага по двајца осомничени руски агенти кои носеле пасоши на имиња Александар Петров и Руслан Боширов. Имињата се совпаѓаат со оние на двајцата мажи кои ги обвини Британија за труењето на Скрипал. Осомничените се идентификувани како Александар Мишкин и Анатолиј Чепига, кои двајцата, наводно, работеле за единицата 29155.
Sидот пред Руската амбасада во Прага беше испрскан со кечап на 18 април за време на протестот организиран за да се сврти вниманието на смртта на двете лица во експлозијата во 2014 година. Москва предупреди со соодветен одговор на протерувањата. „Прага е добро свесна што се случува по ваквиот хокус-покус“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова.
Чесите протестираа против веста за наводната руска вмешаност во експлозијата на складиштето за оружје во 2014 година пред руската амбасада во Прага на 18 април. Знакот гласи: „За твоја и за наша слобода“.
Полицијата приведе контра демонстрант пред Руската амбасада во Прага за време на антирускиот протест на 18 април.