Еколошки организации блокираа патишта во Србија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Силни полициски сили се обидоа да ги спречат демонстрантите да го блокираат мостот Газела во Белград, но сообраќајот беше блокиран.Акцијата ја организираа неколку невладини организации во знак на протест против измените на Законот за референдум и на Законот за експропријација кои беа усвоени во Собранието на Србија.Организаторите на протестите веруваат дека овие закони претставуваат удар врз приватната сопственост на граѓаните, како дека се донесени во корист на приватните компании, наведувајќи ја како пример компанијата Рио Тинто, која планира да експлоатира литиум во западна Србија.