Единството на Европската унија околу санкциите кон Русија почна да попушта, бидејќи нервозата за влијанието врз економијата на Европа ја ослабува решеноста да се казни Москва за војната во Украина.
Лидерите на ЕУ во минатата недела се согласија на деветтиот пакет санкции, но разговорите беа жестоки, при што Полска и балтичките земји се во кампања за построги мерки, додека западните држави, како Германија, беа поколебливи.
Руски олигарси пред судот на ЕУ се борат против санкциите
Некои, како Белгија и Грција, како и Унгарија, која сè уште многу се потпира врз рускиот увоз на енергија, се воздржаа од понатамошните опсежни мерки, изјавија дипломати на ЕУ за Ројтерс.
„Станува сè потешко да се воведат санкции кои ја погодуваат Русија доволно силно, без прекумерна колатерална штета за ЕУ“, изјави претставник на белгиската влада пред договорот на самитот на лидерите на ЕУ.
Откако Русија ја нападна Украина во февруари, започнувајќи го најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна, Европската унија покажа обединет фронт и одговори со брзи акции против Русија, невообичаено за блокот од 27 нации каде спротивставените гласови често ги претвораат дебатите во маратонски состаноци.
Видете и ова: ЕУ ќе ги казнува оние кои ѝ помагаат на Русија да ги заобиколи санкциитеВеќе се воведени санкции за низа компании и руски поединци, додека прелетите на руски авиони се забранети, како и бизнисот со неколку руски банки. Но, наоѓањето заеднички јазик сега стана потешко.
По разговорите во минатата недела, литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис го опиша последниот договор за санкции како „пропуштена шанса“, велејќи дека е разочарувачки што земјите од ЕУ потрошија повеќе време на разговори за исклучоците отколку за построгите чекори.
Најновите мерки се насочени кон субјекти поврзани со руската војска и ги замрзнаа средствата на две руски банки. Но, за време на разговорите се почувствуваа оптоварувања.
Литванија и другите се спротивставија на потезите за изземање на неколку руски олигарси кои се занимаваат со земјоделство и ѓубрива, иако тој спор на крајот беше смирен, велат изворите.
Полска и балтичките земји, поблиску до линијата на фронтот, во последните недели предложија подалекусежни санкции, вклучително и за рускиот гас и за нејзината нуклеарна индустрија, и се расправаа против исклучоците, како што е продажбата на руски челик и дијаманти.
„Не е фер“
Некои од таа група сакаат Гаспромбанк, централна банка за енергетските плаќања кон Русија, да биде таргет, рече еден претставник запознаен со ова прашање. Тој наведе дека овие прашања ќе се дискутираат во 2023 година.
Лидерите од ЕУ го повикаа Вучиќ да воведе санкции против Русија, тој вели ќе го прашам народот
За некои европски политичари, како оние од Полска, кои се соочуваат со борби пред нејзиниот праг, колебливоста на другите држави да поддржат построги чекори се покажа фрустрирачко.
„Ќе бараме Германија да ја промени својата политика. Не е фер Германија да се потпира врз Полска за да се брани од заканата од војна“, изјави Радослав Сикорски, поранешен министер за надворешни работи на Полска, а сега член на Европскиот парламент, додавајќи: „Само затоа што сте побогати и поголеми не значи дека секогаш сте во право“.
Русија вели дека санкциите ќе се вратат како бумеранг против Западот, зголемувајќи ја инфлацијата бидејќи цените на енергијата се зголемија. Москва вели дека нејзината економија е отпорна.
Видете и ова: ЕУ замрзнала руски имот вреден 17 милијарди евраВо меѓувреме, постојните мерки на ЕУ не се секогаш непропустливи. ЕУ воведе ограничување на цената на испораките на руска нафта преку море, но нејзината сурова нафта се продава, така што приходите сè уште течат во Москва.
Ова ограничување беше наведено како натамошна казна за Русија, но некои официјални лица велат дека главното влијание е да се намалат сопствените ограничувања на Унијата за трговијата со нафта бидејќи, под услов цената да остане под ограничувањето, европските осигурителни компании можат да ги преземат руските пратки.
Нафтената капа - дизајнирана да ја усогласи ЕУ со Соединетите држави – им беше прилагодена на Грција и Кипар, кои имаат големи флоти на танкери, рекоа луѓе запознаени со ова прашање.
Европски дипломати и официјални претставници изјавија за Ројтерс дека Унијата се приближува до своите граници.
„Сега сме внимателни со санкциите, за да не одиме толку далеку што тотално би ја оштетиле европската економија“, изјави Едита Хрда, амбасадорка на Чешка во Европската унија, која претседава со ЕУ.
„Ако туркаме одредени чекори против Русија, тоа би можело да ги чини некои политички лидери. Треба да им дадеме на земјите време да се приспособат. Ни треба просперитетна Европа за да и помогнеме на Украина“, рече Хрда, која претседаваше со состаноците на земјите од ЕУ, вклучително и оние кои ја одредуваат формата на најновите санкции.
Брисел предлага замрзнување на милијарди евра наменети за Унгарија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан води кампања дома против санкциите, користејќи постери на кои се прикажани овие казнени мерки како бомби што ја уништуваат економијата на Унгарија.
Другите се подискретни, додека некои имаат половина око на идните односи со Русија по завршувањето на војната.
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ЕУ „ќе ги заостри санкциите против Русија сè додека Путин ја продолжи неговата војна“. Тој, исто така, рече дека односите сега „се намалуваат“, но оти треба да има можност за повторна економска соработка со „Русија по завршување на војната“.