Европа во битка со шумските пожари

Пожарникар работи на локализирање на пожарот во југозападна Франција, 17 јули 2022 година.

Франција евакуираше повеќе од 16.000 луѓе загрозени од пожарите во југозападниот дел на земјата. 

Пожарникари се обидуваат да стават под контрола пожар во југозападна Франција, 17 јули 2022 година.

Властите во областа Жиронд во Франција ги евакуираа чуварите во туристичките кампови, откако претходно беа евакуирани и туристите.

 пожари во југозападна Франција, 17 јули 2022 година.

пожари во Франција

пожарите во Франција зафатија големи шумски пространства

Битка на пожарникарите со пламените јазици во Франција, како последица на високите температури.

Метеоролозите соопштија дека во понеделник температурите на југот на Франција биле над 42 Целзиусови степени.

Напори за гаснење пожари во Гиљос, југозападна Франција, 16 јули 2022 година.

Луѓе шетаат во близина на морето во Маргејт, Британија, 17 јули 2022 година.
Научниците ги обвинија климатските промени за топлотниот бран и предвидуваат дека ќе има почести и поинтензивни епизоди на екстремни временски услови, како што се топлотни бранови и суши.

Властите во Шпанија соопштија дека во моментов 20 пожари се надвор од контрола во различни делови на земјата.

Според властите, во Шпанија досега се уништени околу 4.500 хектари земја.

Температурата во Мадрид на 15 јули била 49 степени Целзиусови.

Во јужна Шпанија, повеќе од 3.200 луѓе се евакуирани од пожарите во ридовите Мијас, иако некои од нив се вратија во своите домови.

Овци пасат додека пожари и чад може да се видат во далечина како резултат на топлотниот бран што ја зафати Шпанија, 15 јули 2022 година.

Пожарникар го гледа пожарот за време на вториот топлотен бран во годината во близина на Серадила дел Аројос, Шпанија, 14 јули 2022 година.

Чад од пожар во Мијас, виден од Ардалес, јужна Шпанија, 15 јули 2022 година.

Противпожарен авион се обидува да контролира шумски пожар во Леирија, Португалија, 14 јули 2022 година.

Пожар во планинска област во Португалија.

Противпожарен хеликоптер лета над пожар на островот Самос, Грција, 13 јули 2022 година.

Пожари на планинска падина на островот Самос, Грција, на 13 јули 2022 година.

Европа се соочува со пожари како последица на топлотниот бран кој владее последните неколку дена. Властите во Франција соопштија дека повеќе од 16.000 луѓе се евакуирани од пожарите во југозападниот дел на земјата, додека со пожари се соочуваат и Шпанија, Хрватска и Грција. Сизан Пачаризи