Министрите за финансии во еврозоната денеска ќе дебатираат за три брзи механизми за помош на економијата за време на пандемијата на новиот корона вирус. Во исто време, се водат и дискусии за идеи за долгорочни алатки за помош за обновување.
Трите идеи што се во фокусот се – Да се користи Европскиот механизам за стабилизација (EМС), Европската инвестициска банка (ЕИБ) и шемата за вработување со скратено работно време на Европската комисија, наведува неименуван европски претставник.
На 26 март, европските лидери побараа од министрите да излезат со предлози за да ги ублажат ефектите од пандемијата, за кои експертите очекуваат дека ќе ја втурне Европа во длабока рецесија оваа година.