Евакуацијата на украинските војници од Мариупол низ фотографии
Конвој од сепаратисти поддржани од Кремљ ги придружува автобусите што превезуваат украински војници од Азовстал во Мариупол доцна на 16 мај. Заменик-министерката за одбрана Хана Маљар рече дека 53 тешко ранети војници биле пренесени во болница во Новоазовск, кој е под контрола на сепаратистите, додека други 211 се евакуирани преку хуманитарен коридор до друга локација.
Во своето видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинските воени и разузнавачки преговарачи, како и Црвениот крст и Обединетите нации ја оркестрирале евакуацијата. „На Украина ѝ се потребни живи херои“, рече Зеленски.
Сепаратистички војник гледа како автобус со украински војници од Азовстал во Мариупол пристигнува во Новоазовск на 16 мај.
Сепаратистичките војници чуваат стража додека автобусите со ранети украински војници од Мариупол пристигнуваат во Новоазовск.
Ранет украински војник од Азовстал пристигнува во Новоазовск, каде што треба да му се укаже третман.
Сепаратистички борец стои на стража пред автобус што превезува ранети украински војници од Мариупол.
Ранети украински војници од Мариупол пристигнуваат во Новоазовск под сепаратистичка воена придружба. Нема информации дали ранетите ќе се сметаат за воени заробеници.
Генералштабот на украинската војска соопшти дека некои борци останале заробени во Азовстал и дека напорите за нивно спасување се во тек.
На видео објавено од руското Министерство за одбрана се гледа како украински војници се проверуваат од сепаратистичките трупи откако биле евакуирани од Азовстал.
На видео објавено од руското Министерство за одбрана се гледа како ранет украински војник е на третман во автобус откако бил евакуиран од челичарницата Азовстал.
На видео објавено од руското Министерство за одбрана се гледаат украински војници кои чекаат во автобус откако биле евакуирани. Украинската влада соопшти дека продолжува со напорите да ја заврши евакуацијата на своите борци од Азовстал, последното засолниште во јужниот град Мариупол, откако околу 260 војници, од кои некои беа ранети, успеаја да излезат од распространетиот комплекс.