Дујовски: СДСМ нема да привлече гласачи со заплашување дека злото е ВМРО-ДПМНЕ
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Професорот Никола Дујовски смета дека пораките на премиерот Зоран Заев за борба против злото со цел да не се врати минатото се непотребни. Според него, сигурно ова не е политика која што ќе ги убеди граѓаните заради стравот од ВМРО да гласаат за СДСМ. Тој порачува дека била потребна многу поразлична кампања, попосветена кон граѓаните, а не со заплашување дека ако не се они на власт другите ќе направат уште поголемо зло. Тоа како што наведува, Дујовски, се видело на 17 октомври дека дава лош резултат.