Идниот државен секретар на САД - поборник на силни меѓународни сојузи

Џо Бајден и Ентони Блинкен

Избраниот американски претседател Џо Бајден го назначи Ентони Блинкен за иден државен секретар. Доколку Сенатот го потврди овој дипломат од кариера, кој веќе работел во две претседателски администрации, се очекува тој да работи на зајакнување на сојузите.

Ентони Блинкен, дипломат од кариера со долгогодишно искуство во надворешната политика ќе биде новиот државен секретар на САД кога Џо Бајден ќе ја преземе функцијата претседател.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Кој е Ентони Блинкен – идниот државен секретар на САД?

Долгогодишен советник на избраниот претседател, Блинкен е дел од списокот на номинирани во тимот на Бајден. Тој мора да биде потврден од Сенатот пред официјално да ја преземе својата нова улога.

Зелено светло за транзицијата на Бајден во Белата куќа

Адвокат, роден во Њујорк, образован на Харвард, Блинкен беше член на Советот за национална безбедност на Белата куќа за време на претседателството на Бил Клинтон во 90-тите години на минатиот век.

Видете и ова: Бајден: САД се подготвени да го водат светот, а не да се повлечат од него


За време на администрацијата на претседателот Барак Обама, Блинкен беше главен советник за национална безбедност на Бајден, тогашен потпретседател.
Подоцна стана заменик државен секретар на Обама.


Блинкен играше централна улога во реакцијата на САД на незаконската руска анексија на Крим, поддржувајќи ја политиката на брзи санкции.

„Колку подолго трае ова, постои ризик од натамошни срамни активности од страна на сепаратистите или од Русија кои ја продлабочуваат меѓународната криза. Значи, сега треба да се преземат понатамошни активности за да се убеди Русија да го смени курсот и да престане со напорите за дестабилизација на Украина“, изјави Блинкен во 2014 година.

Трамп на самитот Г20 го бранеше ставот за повлекување на САД од климатскиот договор

Американските медиуми го опишуваат Блинкен како демократски центрист и поборник на силни меѓународни сојузи, на кои претседателот Доналд Трамп честопати се спротивставуваше во согласност со неговата политика „Најпрвин Америка“.

Ентони Блинкен

Бликен се очекува да работи на обнова на односите со сојузниците на САД, повторно да се приклучи на договорот за климатските промени во Париз и да ги врати финансиските средства на САД на Светската здравствена организација.

Тој ,исто така, може да го поведе патот во обновување на нуклеарниот договор со Иран во 2015 година, кој тој го помогна како дел од администрацијата на Обама.

Пред Трамп да се повлече од тој договор во 2018 година, Блинкен го понуди како позитивен пример на друга земја со аспирации да стане нуклеарна моќ: Северна Кореја.

Видете и ова: Дали е можно Бајден да ги врати луѓето на Обама во надворешната политика?


„Иран направи фундаментален избор. Одлучи да ја замрзне и врати својата нуклеарна програма и да им дозволи на инспекторите да влезат и да создадат време и простор за да видат дали можеме да се согласиме со сеопфатен договор и тоа е она што точно го сторивме. Се надеваме дека Северна Кореја ќе биде инспирирана од тој пример“, рече Блинкен.

За разлика од надворешната политика на Трамп, Блинкен се залагаше САД да преземат силна лидерска улога во странство. Како Бајден, тој ја поддржуваше американската војна во Ирак, но оттогаш се залагаше за намалување на бројот на војниците таму и во Авганистан.

Тој исто така го критикуваше повлекувањето на американските трупи од Сирија, што ги остави курдските сили без нивниот главен сојузник. Блинкен течно говори француски јазик, бидејќи посетувал средно училиште во Париз.

Фон дер Лајен – Се надевам дека ангажманот на САД со новиот претседател ќе се промени

Тој свири гитара, а еднаш се залагаше за помош на бегалците во видео со кукла од популарно детско шоу. „Сите видови луѓе се бегалци. И иако доаѓаат од многу различни места, тие се исто како мене и тебе“.

Искуството на Бликен во надворешната политика значи дека тој ќе им биде познат партнер на некои колеги дипломати во странство.

Неговата номинација може да им сигнализира на сојузниците на САД дека Вашингтон се враќа на деловните активности како и обично.