Димовски - Претпоставка е дека македонски државјани учествуваат во војната во Украина

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Се уште нема идентификувани македонски државјани кои се борат во Украина но претпоставката е дека имаме луѓе кои по различни канали отишле и се борат на една од страните, а не се легитимни тоа да го прават, вели професорот на Факултетот за безбедност Злате Димовски во разговор за Радио Слободна Европа. Тој објаснува дека претпоставката се базира на искуството на земјите и регионот од каде веќе се идентификувани нивни државјани заминати на украинското боиште. Со него разговаравме и за објавните рестриктивни мерки за 15 државјани борци во Сирија како и за безбедносната закана од повратниците од странските боишта