Професоре, изминатава недела се забележа рекорд – лажни дојави за бомби во 120 училишта во еден ден. Пет месеци има лажни дојави за бомби, како да се прекине овој тренд?
Навистина ова е голем проблем, за жал, ние се уште го немаме изнајдено соодветниот модалитет и затоа се уште имаме дојави. Затоа што не сме го нашле модалитетот, интензитетот на дојавите за бомби расте. Тие се охрабрени дека не можеме да ги откриеме, не можеме да ги попречиме крајно, што и да ги откриеме, нам ни е да можеме нормално да си живееме, да ги немаме тие дојави за бомби и едноставно што не можеме да ги откриеме, тие продолжуваат со несмален интензитет.
Слично беше и во регионот, во Србија и Црна Гора, но неодамна тоа се намали. Што направија тие, што не го правиме ние како држава?
Да бидам искрен не сум во тек што направија. Најверојатно изнајдоа модалитети и преку провајдерите, претпоставувам преку Гугл, има одредени можности кои што можат со попречување. Дали тоа е вистинскиот модус којшто тие го применија, навистина треба да се оди на таа размена на информации, итн., во јавност не протече ниту една информација како тие се справија со ваквиот проблем. Очигледно дека ќе мора на државно ниво да се реагира и да се побара нивно искуство, нивно знаење и вештини, коишто тие ги применија во тој контекст, за да се добијат такви податоци како да се постапи и нормално истиот тој модалитет да се примени и кај нас, затоа што го имаме речиси истиот начин на дојави за поставени бомби.
Видете и ова: Онлајн настава заради дојавите за бомби - решение или уште поголем проблем?Неофицијално се зборува, дека во Србија на ниво на држава било направено проценка дека дојавите за бомби не претставуваат безбедносен ризик и да не се информира јавноста за тоа. Што мислите за еден таков принцип на справување?
Овој принцип е добар, меѓутоа навистина би било надвор од разумот да го правиме тоа, кога на очиглед имаме дека тоа се случува пред нас. Се случува кај популацијата која најмногу нè засега, кај нашите деца и во одредени јавни институции, и да јавиме и да не јавиме, најголемиот дел од граѓаните повторно ќе дознаат. Целта на оние што го прават ова е фактички добивање на повеќе гласност, таа фама да се шири, и едноставно да го постигнат тој ефект на страв. Постигнат е тој ефект на страв и тие се охрабрени. Реков претходно кога веќе не можеме да ги откриеме, тие веќе се и дрски во своето настапување, па нели имавме дојава за бомба и во претседателската резиденција, што навистина е нешто што би значело дека е дрскост да дојавите таму за дојава за бомба, кога таа институција, тој простор навистина е обезбедуван. Тие едноставно сакаат ширење на тие гласини, а тие гласини веќе длабоко продираат во нашата свест и со тоа постигнуваат одреден негативен психолошки ефект кај нас.
Видете и ова: Стејт Департмент - Балканските земји да ги зголемат казните за тероризамПовратниците од Сирија и Ирак се главниот антитерористички проблем, што го нотира Стејт департментот. Постои ли реална закана за македонската безбедност од овие луѓе?
Дека има закани од таа сфера, да, ќе има, претпоставувам дека ќе има, затоа што никогаш не можеме да направиме една проценка за тоа колку ние би можеле, согласно овие капацитети, да тврдиме дека кај нас нема некакви замрзнати ќелии, поврзани со ИСИЛ, или со некоја друга терористичка организација, затоа што факт е дека сите радикализирани лица се вратија од тие простори. Е сега, она што ние го направивме, да го ускладиме нашето законодавство со одредени меѓународни декларации и конвенции. И тоа го направивме. Ние прифативме репатријација на тие лица, каде и да бидат откриени, ние ги враќаме кај нас.
Има еден чекот, што го презедоа одредени држави, го ставија во нивните закони, го применуваат – Ако нивен државјанин биде идентификуван од одредени структури, како разузнавачки или полициски служби, и за него има соодветни докази дека учествувал во која било од терористичките организации, тие по административен пат му го одземаат државјанството и го избегнуваат тој момент на репатријација. Репатријацијата значи, оној што е македонски државјанин, тој се враќа во Македонија. Штом се врати во нашата држава, ќе ни го пратат на одреден начин, ние прво што правиме, а тоа е согласно законот, веднаш истиот се носи пред јавен обвинител, се составува соодветна кривична пријава. Поучени од соодветни правни експерти дека со тоа ќе успеат да издејствуваат поповолна позиција, тие прифаќаат спогодба и јавниот обвинител има право тоа да го прифати, и одредува поблага казна за нив и ги сместуваме во казнено-поправните установи. Не само ние, туку и многу земји, немаме еден унифициран начин како да ги дерадикализираме, да ги ресоцијализираме. Немањето на таков метод доведува до тоа и ние, и другите државите тоа да го прават шаренолико.