Се надевам дека надлежните навреме ќе донесат одлука која што ќе не упати како да постапуваме понатаму, која што ќе не упати како да постапуваме понатаму. Се дотогаш ДИК ќе си ја извршува својата работа, изјави денеска претседателот на ДИК Оливер Деркоски по кусата седница на Комисијата.
„Утврдени се 15 листи за наредните вонредни или не знаеме какви ќе бидат наредните параментарни избори. Се надевам дека надлежните навреме ќе донесат одлука која што ќе не упати како да постапуваме понатаму, а се до тој момент ДИК колку и да се допаѓало некому или не, ќе си ги извршува своите законски овластувања“, истакна Деркоски.