Девојчиња и жени од Авганистан

Девојче од Авганистан стои меѓу вдовици со бурки за време на проектот за вработување на хуманитарната организација „КАРЕ Интернационал“.

Авганистанска лекарја ја објаснува употребата на кондоми за група жени во центар за одвикнување од дрога финансиран од Обединетите нации. (Кабул, 29 јануари 2021 година)

Авганистански девојки работат во првото женско интернет кафе во Авганистан (Кабул, 8 март 2012 година)

Нима Суратгар, кандидат за авганистанскиот парламент, разговара со нејзини приврзаници за време на состанокот со група наставници. (Кабул, 15 септември 2010 година)

Жена облечена во бурка поминува покрај момче со играчка пушка. (Кабул, 13 септември 2010 година)

Робина Јелали, кандидатка за парламентарните избори, разговара по телефон во нејзината канцеларија. (Кабул, 7 септември 2010 година)

Авганистански ученички добиваат медицинска нега во болница, откако се разболеле поради, како што се сомнева, напад со отровен гас врз училиште. (Кабул, 11 мај 2010 година)

Две девојки од Авганистан стојат една покрај друга за време на посетата на американските војници. (Мирвезе Мина, 9 мај 2010 година)

Девојчиња гледаат перформанс кој има за цел да ја подигне свеста за опасностите од мини. (Кабул, 23 февруари 2010 година)

Наставничка предава хемија во турско-авганистанско училиште. (Херат, 12 декември 2009 година)
 

Жените се фотографираат со мобилни телефони за време на митингот за поддршка на повторната кандидатура на претседателот Хамид Карзаи. (Кандахар, 16 август 2009 година)

Девојче се смее додека паѓа снег. (Кабул, 13 јануари 2009 година)

Латефа Меран, авганистанска универзитетска професорка по уметност, слика во својот дом. (Кабул, 16 мај 2004 година)

Жени со бурки се возат во багажникот на возилото. (Шарикар, 18 февруари 2003 година)

Авганистанка со бурка оди по улица, додека зад неа поминува тенк со борци што го развиорија знамето на Авганистан. (Џабал Сарај, 4 ноември 2001 година)

Девојчиња со покриено лице се лулаат на лулашките во текот на првиот ден од Курбан Бајрам. (Кабул, 11 август 2019 година)

Дваесетгодишната Катира Ахмади (десно), продуцент на ТВ каналот Зан (Кабул, 8 мај 2017 година)

Жени во болница жалат за жртвите од самоубиствен напад. (Кабул, 28 декември 2017 година)
 

Студентки од Американскиот универзитет во Авганистан се гушкаат пред почетокот на предавањето. (Кабул, 27 март 2017 година)

Наставничката Махајера Армани и учениците од нејзиниот клас позираат за заедничка фотографија. (Џалалабад, 19 септември 2015 година)

Девојка која била мачена со месеци откако одби да стане проститутка. (Кабул, 31 декември 2011 година)

Девојче вежба традиционален танц во образовниот центар. (Кабул, 3 март 2019 година)

Жена оди по пат покриен со снег. (Кабул, 7 февруари 2017 година)

Седумнаесетгодишната Ханифа Дости и три ученички од клубот Шаолин Вушу ги покажуваат своите вештини пред другите ученици. (Кабул, 29 јануари 2017 година)

Девојчиња стојат на местото на самоубиствен напад. (Кабул, 1 февруари 2016 година)

Масума Ализада, членка на авганистанскиот велосипедски тим. (Кабул, 20 февруари 2015 година)

Девојче држи чадор на гробиштата. (Кабул, 12 февруари 2015 година)

Жени во Авганистан чекаат на ред да гласаат на избори. (Кабул, 14 јуни 2014 година)

Жената се гледа во огледало додека чека да го прими гласачкото ливче во Центарот за регистрација на гласачи. (Кабул, 30 март 2014 година)

Фудбалерка тренира во Авганистан. (Кабул, 10 март 2014 година)
 

Затворенички во женски затвор. (Херат, 8 декември 2013 година)

Пејачката Аријана Сајед пее на „Концерт на мирот“, што го организираше младинското здружение. (Кабул, 19 октомври 2013 година)

Припаднички на авганистанската национална полиција за време на вежбата. (Мазар-е Шариф, 11 декември 2012 година)

Девојче минува покрај американски војници додека патролираат во провинцијата Кандахар. (Хутал, 5 април 2012 година)