Девојките треба да знаат како да се одбранат

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Да се тренираат неколку боречки вештини паралелно и да се освојат три златни медали во два различни спорта за еден викенд, не е невозможно за 16-годишната Даниела Алексовска. Таа тренира бразилска џиу џица (БЏЏ), џудо, таи бокс и ММА, а БЏЏ е нејзин матичен спорт. Учи од својот татко, Ивица Алексовски, кој е тренер на македонската БЏЏ репрезентација и официјално прв македонски црн појас во овој спорт и се надева дека еден ден ќе го наследи.