Има тројца со име Борис Вишневски кои се кандидираат за места во општинскиот законодавен дом во Санкт Петербург, наречен Законодавно собрание. Еден од нив е пратеникот Борис Вишневски, лидер на локалниот огранок на партијата Јаблоко и член на собранието од 2016 година. Од останатите двајца - едниот е службеник поврзан со владејачката партија Единствена Русија, а другиот е продавач во фирма за поправка на автомобили. И двајцата ги сменија имињата пред изборите кои се закажани за од 17 до 19 септември 2021.
Двата нови Вишневски наголемо се сметаат за измамници вметнати во трката за да извлечат гласови од нивниот попознат имењак.
Стара тактика со модерни елементи
Бизарно? Всушност, тоа не е нова тактика на изборите во Русија, но приказната доби нов пресврт кога градот ги објави своите изборни плакати викендов. Сега, тројцата мажи не само што делат исто име - тие исто така имаат слични бради и слични црти на лицето.
„Пуштаа брада и мустаќи и, мислам, нивните фотографии беа изменети. Само погледнете како се појавуваат на плакатот што ќе виси на избирачките места“, напиша Борис Вишневски, роден со тоа име, во објава на Твитер, која вклучува и слика од постерот.
Видете и ова: „Гласајте, па ќе ви платиме“, Путин обвинет за поткуп на електоратот„Не е етички да телефонирате овде без дозвола од шефот“
Еден од двата „нови Вишневски, идентификуван од весникот „Новаја газета“ како Виктор Биков, локален советник во Санкт Петербург од владејачката партија Единствена Русија, изгледа сосема поинаку од неговата фотографија на веб-страницата на општинскиот совет бр. 78. На таа страница, тој е идентификуван како висок помошник на заменик-претседателот на законодавното собрание Сергеј Соловиов, од Единствена Русија.
Кога руското биро на Радио Слободна Европа (РСЕ) се обиде да стапи во контакт со поранешниот Биков (Еден од двата нови Вишневски), тој рече: "Како го добивте овој број? Зарем не знаете дека не е етички да телефонирате овде без дозвола од шефот?" И тогаш ја спушти слушалката.
Евгенија против Екатерина
Тактиката за презентирање на кандидат за „измамник“ беше искористена во Санкт Петербург во 2016 година против Екатерина Лебедева, која се кандидираше за Законодавно собрание. Против неа истрча политичка непозната која многу личеше на Лебедева и се викаше Евгенија Лебедева.
„Ги загубив тие избори. Таа Евгенија зеде околу 30 проценти од моите гласови. Таа беше еден ред над мене на гласачкото ливче, а моите гласачи само направија грешка“, изјави Лебедева за РСЕ.
„Овој трик е многу стар - од 1990-тите. Поминаа 27 години, но се уште уште функционира“, вели политичкиот аналитичар Константин Калачиов.
Коментирајќи ја ситуацијата со трите Вишневски на радиото Комерсант на 6 септември, шефицата на Централната изборна комисија Ела Памфилова ја нарече „срамна“ и го обвини, како што рече, „многу либералниот“ изборен закон на Русија.
Таа додаде дека „по изборите“ ќе бара измени на законот што ќе спречат употреба на таква тактика.