Кога Алексеј Навални ги шокираше своите приврзаници и го најави своето враќање во Русија во минатиот јануари по закрепнувањето во Германија од труењето за кое го обвини Кремљ, опозицискиот политичар го стори тоа со објава на Инстаграм.
„Никогаш не се прашував дали треба да се вратам, едноставно затоа што никогаш не заминав“, напиша тој на 13 јануари 2021 година. „Завршив во Германија откако слетав на лежалка за интензивна нега, од една причина: се обидоа да ме убијат“.
Веста беше примена од неговите соработници низ Русија како можно изгревање на нова ера во руската политика, момент кога антикорупцискиот крстоносец кој преживеа обид за атентат доаѓа дома за да се соочи со човекот кој го обвини дека го наредил неговото труење, претседателот Владимир Путин.
Неговите поддржувачи доаѓаа со авиони, возови и автомобили во Москва за да го поздрават при неговото пристигнување во главниот град на 17 јануари.
Видете и ова: Двајца соработници на Навални ставени на руската листа на терористиТие со недели беа изложени на немилосрдна кампања на казни, полициски рации и малтретирање, а многумина од нив веруваа дека нивната бројност ќе ги заштити и нив и Навални од заканите упатени од официјални лица кои имаа намера да го уапсат при пристигнувањето, а исто така ќе предизвикаат национално пресметување во земја уништена од пандемијата на коронавирус и во гнев поради падот на реалните плати и скржавата владина поддршка.
Но, една година потоа, таа еуфорија е избришана во услови на тековното задушување на сега веќе забранетата политичка мрежа на Навални и граѓанското општество пошироко.
Илјадници демонстранти беа приведени и многумина затворени, повеќе од половина од политичките координатори на Навални ја напуштија Русија или беа уапсени поради нивниот активизам, а некои беа ставени на списоците како „терористи“ или „екстремисти“. Новинарите кои ги истражуваа околностите на труењето на Навални и ги објавуваа неговите истраги за корупцијата, беа означени како „странски агенти“.
Руската полиција уапси поранешни координатори на регионалните канцеларии на Навални
Иако малкумина не ја фалат храброста на Навални, по бранот политички репресии што го воведе неговото враќање, многумина почнаа да се прашуваат дали на крајот тоа и вредело.
„Навални е искусен политичар и добро знаеше како може да заврши неговото враќање во Русија. Но, не очекував дека реакцијата ќе биде толку тешка“, изјави Александар Зиков, поранешен координатор на мрежата на Навални во Саратов.
Меѓу првите кои ја пофалија одлуката на Навални беше поранешниот нафтен тајкун Михаил Ходорковски, кој беше уапсен во 2003 година и помина една деценија зад решетки поради, како што ги нарече, политички мотивираните обвиненија за измама, пред да биде помилуван, ослободен и избркан од земјата.
„Добар човек. Но, тој ризикува“, напиша Ходорковски на Твитер денот кога Навални го објави своето враќање. Тој ризик стана јасен кога Навални, кој се качи на летот од Германија уверувајќи ги новинарите дека неговото апсење е „невозможно“, беше грабнат пред портите на пасошкото одделение и приведен од граничарите, пред брзо да му се суди и да му биде изречена затворска казна од 2 и пол години за прекршување на условите на претходната условна казна.
Навални од самиот почеток вети дека ќе се врати, отфрлајќи ги сугестиите по закрепнувањето во Германија дека ќе избере егзил на Запад наместо затвор во Русија.
Кристо Грозев, истражувач во Bellingcat и пријател на Навални, тогаш изјави дека Навални знаел оти речиси сигурно ќе биде затворен. „Тој не само што е подготвен за затвор. Тој верува дека ќе биде затворен. Тој верува дека најверојатно ќе биде зад решетки долго време“, вели Грозев.
Но, поддржувачите на Навални велат дека дури и да знаел дека неговото апсење е речиси сигурно, тој морал да се врати за да ја задржи важноста во руската политика.
„За да остане политичар, политичар каков што сака да биде, тој навистина немаше опција. Тој многу брзо би се претворил во Ходорковски“, изјави Михаил Светов, основач на руската Либертаријанска партија кој ја напушти Русија откако доби кривични пријави поврзани со неговиот политички активизам.
Татко на соработник на рускиот опозиционер Навални доби тригодишна условна казна
Од егзил, Ходорковски продолжи да финансира опозициски движења и медиумски платформи, од кои многу се забранети или блокирани во Русија. Тој, исто така, директно зборуваше со поддржувачите на Јутјуб кои повремено собираат илјадници прегледи.
И покрај тоа, малкумина експерти веруваат дека тој има големо влијание во руската политика од неговата база во Европа. Светов вели дека дури и откако ја покажал својата храброст преку враќањето во Русија, самиот Навални можеби нема да остане актуелен доколку долго време е зад решетки.
Видете и ова: Навални им ја посвети наградата Сахаров на антикорупционерите
„Тој избра да биде во историските книги, но за секој Мандела има стотици имиња на кои не се сеќавате“, вели Светов, мислејќи на Нелсон Мандела, кој ја предводеше еманципацијата на Јужна Африка од владеењето на белото малцинство и служеше како нејзин прв црн претседател откако помина 27 години во затвор.
Во интервју за ТВ каналот Дожд на 12 јануари, Жана Немцова изјави дека нејзиниот татко Борис Немцов -- критичар на Путин и поранешен руски вицепремиер кој беше убиен на мост во близина на Кремљ во 2015 година -- на крајот се вратил во Русија од Израел затоа што „не сакал да биде кукавица“.
Таа вели дека не може да му суди за неговата одлука. „Не можеме да ги гледаме работите од перспектива на политичар, бидејќи тука има и повик, чувство на одговорност за луѓето кои ве поддржуваат. Јас, на пример, живеам мирно. Но, не живеам во Русија, не сум политичар и не треба да им докажувам на другите која сум“, вели Немцова, која сега живее во Европа.
Други се прашуваат зошто Навални избра да се врати, многу месеци пред изборите во септември 2021 година што неговиот тим ги виде како клучна можност да ѝ наштети на владејачката партија Единствена Русија.
Соработничката на Навални не се чувствува безбедно по напуштањето на Русија
Според политичкиот аналитичар Абас Гаљамов, апсењето во екот на предизборните тензии можеше да послужи како поттик за уште поголем протестен бран. „Самото враќање не беше грешка. Она што беше грешка е враќањето толку рано“, вели тој. Со него се согласува и Светов: „Ја разбирам одлуката да се врати, но воопшто не го разбирам тајмингот“.
Милија Кашапова, поддржувач на Навални, која води политички кампањи за политичарите поддржани од Навални пак вели: „Да обвинувате некој што бил отруен, прогласен за екстремист и затворен -- веројатно долги години -- за мене е исто како да обвинувате жртва на семејно насилство за нивната судбина“.
Видете и ова: Навални под нова истрага за „екстремизам“Без оглед на последиците од враќањето на Навални, едно е јасно: неговата одлука да се врати во Русија и неговото последователно затворање, го издигнаа на статус на политички непријател број еден на Путин -- позиција што може да му даде морален прерогатив да ја собере опозицијата кога (и ако) ќе биде ослободен пред да заврши времето на Путин на власт.
„Навални „стана најистакнатиот и најопасниот критичар на Путин и политичар број два во Русија“, напиша политикологот Александар Баунов непосредно по враќањето на Навални во Русија.
Иронијата е што по враќањето на Навални, сите од неговите блиски соработници се разотидоа: некои ја напуштија земјата поради страв од апсење. Тие продолжуваат да ја истражуваат и да ја истакнуваат корупцијата на високо ниво од нивните бази во главните градови на ЕУ, но критичарите велат дека нивното влијание е намалено и руската опозиција во моментов има мал простор да ги промени настаните.
„Тимот на Навални за прв пат се најде во изолирана позиција од остатокот од земјата. Мислам дека тие не сфаќаат дека работата што ја правеа до сега веќе не е возможна. Тие можат да објавуваат истраги на Јутјуб, но ништо не можат да направат на терен. Мислам дека загубивме во следните неколку години“, оценува Светов.
Самиот Навални е пооптимист. На годишнината од неговото враќање, тој напиша порака до Русите која беше објавена на неговата страница на Инстаграм. Тој вели дека не жали што се вратил во земјата и покрај сè што се случило оттогаш.
„Откако ја отслужив првата година затвор, сакам да го кажам истото што им го викнав на оние што се собраа пред судот кога ме одведоа до полициското комбе: не плашете се. Ова е наша земја, а ние ја имаме само неа“, напиша Навални.