Дали 70 годишниот Путин сè уште e незаменлив човек за руската јавност?

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го одбележува својот 70-ти роденден. Воените неуспеси во Украина и непопуларната мобилизација би можеле да ја натераат руската јавност да го преиспита одобрувањето за човекот кој ја одведе земјата во војна што ја замати нејзината иднина. Роберт Коалсон

70-тиот роденден на Владимир Путин доаѓа во време кога сè поавторитарниот лидер се соочува со некои од најзастрашувачките предизвици во неговата повеќедецениска власт, прокоцкувајќи ги сите свои достигнувања со сè поскапата и проблематична војна против соседна Украина.

И покрај немилосрдното сузбивање на опозицијата кое ги избрка повеќето активни опозициски фигури надвор од земјата, постојат знаци дека годините на Путин со високи рејтинзи од јавноста би можеле да бидат во опасност, бидејќи војната во Украина продолжува да ги разоткрива слабостите во високо персонализираниот политички систем во кој тој 23 години е претседател или премиер.

Руската мобилизација може да ја забави, но не и да ја запре украинската офанзива

„Ситуацијата, колку што можам да кажам, радикално се промени“, вели Лев Гудков, социолог од независната агенција за истражување на јавното мислење Левада, сугерирајќи дека воената мобилизација што Путин ја одреди на 21 септември можеби неповратно ја променила атмосферата.

„Мобилизацијата ги погодува сите. Декларацијата за мобилизација фундаментално ја промени ситуацијата - војната дојде во Русија“, рече тој.

Видете и ова: Гневот по поразите на Русија на бојното поле - предизвик за Путин

Инвазијата врз Украина наиде на, за многумина, неочекуван силен отпор од украинската влада и народ, како што беше примерот во минатиот месец кога молскавична украинска контраофанзива во регионот Харкив ги натера руските сили да се повлечат и го поттикна Путин да објави мобилизација откако неколку месеци негираше дека некогаш би го сторил тоа.

Неиспровоцираната војна на Кремљ, исто така, предизвика жестока реакција од Западот, кој воведе бран по бран санкции против Русија и обезбеди воена помош во милијарди долари за Украина.

Шведска и Финска, по децении на работ на НАТО, официјално побараа да влезат во Алијанса. Русија ретко, како сега, била толку изолирана и отуѓена од толку голем дел од меѓународната заедница.

„Без бес нема масовни протести“

Но, дома, во Русија, позицијата на Путин до неодамна изгледаше речиси солидна како и секогаш, делумно поради тоа што Кремљ помина повеќе години да ја доведе неорганизираната опозиција под земја или надвор од земјата.

„Руската криминална војна во Украина ги истакна таквите карактеристики на руското општество“, напиша академик и член на естонскиот парламент Михаил Лотман.

Распространетите извештаи за грабежи и воени злосторства ја оставија руската јавност неспокојна, тврди тој, велејќи: „Како реагираше руското општество? Нема ништо. Без бес, нема масовни протести“.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Илјадници приведени на антивоени протести ширум Русија

Иако анкетите во Русија се многу ограничени и мора внимателно да се толкуваат, Центарот Левада го бележи рејтингот на Путин на над 80 проценти во поголемиот дел од 2022 година. Во август оваа бројка беше дури 83 проценти.

„По почетокот на војната во Украина, сите показатели за негово одобрување се зголемија. Луѓето се чувствуваа сигурни, доживеаја чувство на гордост од демонстрацијата на сила и моќ како воена сила“, вели Гудков, додавајќи: „Но, во септември рејтингот на Путин падна на 77 насто. Повеќе Руси сè уште го одобруваат Путин сега, отколку во месеците непосредно пред инвазијата врз Украина на 24 февруари, но воените неуспеси и особено мобилизацијата имаат ефект. По мобилизацијата, мислам дека ситуацијата брзо ќе се промени“.


„Чувство на безнадежност“

Несомнено, јавното изразување против владата на Путин е огромен психолошки чекор за повеќето Руси. Во раните години од неговото владеење, Путин ги користеше масивните пропагандни машини за промовирање на вредностите на силна, централизирана влада и „диктатура на правото“ додека ги демонизираше хаотичните 1990-ти, кога демократијата, слободата на медиумите и самоопределувањето беа клучни зборови.

Меѓутоа, во последниве години, Путин „формира ново сценарио кое користи руска исклучителност, руски национализам, проекција на руската моќ во меѓународниот систем, културен конзервативизам и критики за Соединетите држави како дестабилизирачка сила во меѓународниот систем за мобилизирање политичка поддршка“, напиша професорката по политика на Универзитетот Корнел, Валери Банс, во анализата од 2017 година насловена „Перспективите за обоена револуција во Русија“.

Збогум со солзи и верски благослови додека Русите тргнуваат во војна против Украина

Ваквите тактики „ја поделија руската опозиција принудувајќи ја да избира помеѓу тоа да се биде патриот или предавник“. Од 2012 година, Кремљ користи серија сè построги закони за „странски агенти“ за да ги нарече сите политички неистомисленици како предавници.

Емоционално наелектризираниот термин од времето на Сталин стана клин во поделеното општество, и покрај напорите на некои либерали да го претворат во орден на честа. Политичките неистомисленици во Русија можат да очекуваат, ако не затвор, тогаш потсмев и осуда од соседите, роднините, соработниците и работодавците и малтретирање.

Бајден: нуклеарната закана на Путин е најголем ризик по кубанската ракетна криза

И во последниве недели, со лажно прикажување на војната во Украина како егзистенцијална борба меѓу Русија и „сатанскиот“ Запад, Путин реторички го подигна влогот и им даде премолчена слобода на десничарските радикали кои беа привлечени од неговите националистички и традиционалистички пораки.

Тимур Сајфулмулјуков, 35-годишен инженер за заштита од пожари во сибирскиот град Томск, персонифицира некои од процесите што се случуваат во руската јавна совест од инвазијата.

Тимур Сајфулмулјуков

Пред 24 февруари, тој беше цврсто аполитичен, толку многу што дури следниот ден не ни слушнал за инвазијата врз Украина. Кога дознал за тоа, неговиот одговор не беше бес, туку „некаков вид апатија“.

„Чувство на безнадежност“, се сеќава тој во интервју за РСЕ, наведувајќи: „Се чувствувате неспособни да направите ништо. Вие не ја чувствувате сопствената улога во ништо од тоа. Слушнав за оние кои не се согласуваат со режимот на Путин. И слушнав дека против нив се покренати кривични предмети, и тие биле ставени во затвор. Имав две чувства - од една страна мислиш дека ништо не може да се направи, но од друга мислиш дека нешто мора да се направи“.

Блинкен: Советот за безбедност да не дозволи Путин „да се извлече“ со уништување на меѓународниот поредок

Во текот на целото лето тој останал пасивен и тивок. На 24 септември, откако ја слушна најавата за мобилизација на Путин, Сајфулмуљуков маршираше до средината на главната улица во Томск, блокирајќи го сообраќајот додека држеше рачно изработен знак со антивоени слогани. Тој беше приведен по околу две минути, а подоцна беше обвинет за сообраќаен прекршок и за „дискредитација на вооружените сили“.

Тој вели дека неговата сопруга не ја поддржува неговата одлука да протестира. „Тоа е психолошки тешко за неа. Претходно разговаравме за нашата лична одговорност за она што се случува во нашата земја и дојдовме до различни заклучоци. Ја чувствувам оваа одговорност, но таа - добро, чувствува нешто, но таа смета дека ништо не треба да се прави. Немаме лостови на влијание и нема смисла да се ризикува животот“, рече тој.

„Властите ги разбраа заканите“

Во периодот пред големата инвазија врз Украина, владата на Путин енергично ги разби сите форми на организирана политичка опозиција. Харизматичниот опозициски лидер Алексеј Навални беше затворен откако беше цел на речиси фатално труење за кое, како што вели, доказите покажуваат дека оперативците на Федералната служба за безбедност (ФСБ) дејствувале по налог на Путин.

Антикорупциската фондација на Навални и неговата мрежа на регионални канцеларии беа означени како „екстремистички“ и затворени. Многу од неговите најактивни поддржувачи ја напуштија земјата под закана од кривично гонење.

Видете и ова: Путин потпиша анексија на четири украински региони, осуди од Киев и од Западот

Други независни јавни организации кои претходно служеа како места на несогласување или опозициско вмрежување, како што е здружението за човекови права Меморијал, беа слично на мета и поврзаноста со нив беше поистоветувана со предавство.

„Главниот проблем за активните протести е тоа што тие бараат не само индивидуална акција“, вели рускиот политиколог Владимир Гелман, кој предава руска политика на Универзитетот во Хелсинки во Финска, додавајќи: „Протестите бараат координација и соработка меѓу различни луѓе. И ситуацијата во овој поглед во Русија е лоша“.

Според Гелман пак, властите ги разбраа заканите што произлегуваат од какви било организирани структури и се обидоа да ги ослабат на секој можен начин и успеале во тоа.

Дополнително, Гудков смета дека истражувањето на Центарот Левада покажува дека се поголем број Руси кои сè уште се наоѓаат во Русија доаѓаат до информации од извори кои не се контролирани од Кремљ, како што се каналите на Телеграм, свесно настојувајќи да ја заобиколат државната цензура. Гудков вели дека процентот на испитаници кои користат „алтернативни канали“ се зголемил од 7-8 отсто пред само неколку месеци на 22 отсто сега.

„Дефинитивно ќе се случи поделба“

Масовните народни бунтови ретко се случуваат само врз основа на морален гнев. Таканаречените обоени револуции од постсоветската ера во голема мера беа поттикнати од разочараните очекувања околу спорните избори.

Тие беа поттикнати од поделбите во владејачките елити, при што некои фракции ја повикуваа јавноста да им даде поддршка против властите кои одбиваа да се откажат од власта.

Западот ја осуди руската мобилизација и плановите за референдуми во Украина

Таков беше моделот и во руската историја, кога големите народни востанија во 1905 година, февруари 1917 година, и во 1993 година беа ефективни против ослабените и поделени влади, при што самите протести беа поддржани од фракции во рамките на структури со социјалната и политичката моќ.

Видете и ова: Анкета: Русите „вознемирени и исплашени “ од мобилизацијата

Овој феномен беше виден повторно во ерата на Путин, кога пензионерите и другите луѓе низ Русија излегоа на улиците кон крајот на 2004 година и почетокот на 2005 година против владиниот план за реформа на клучните социјални субвенции.

Многумина од демонстрантите повикуваа на оставка на Путин на демонстрациите кои беа премолчено или експлицитно поддржани од регионалните гувернери, Комунистичката партија и други сили.

Кризата го поттикна Кремљ да преземе силни мерки за да ја зајакне таканаречената вертикала на моќта. Кога доказите за широко распространета владина измама на парламентарните избори во 2011 година ја доведоа Русија до сопствената „обоена револуција“, властите веќе ги имаа на сите алатки што им беа потребни за да го смират востанието.

Сега, сепак, вели опозицискиот политичар Гудков, ситуацијата изгледа поинаква и е далеку од „еуфоријата“ од заземањето на украинскиот регион Крим од страна на Путин во 2014 година.

„Кога ги погледнав жалните лица на бирократите и пратениците кои се собраа во палатата во Кремљ на покана на Путин, не видов никаква радост таму“, вели Гудков за РСЕ, осврнувајќи се врз говорот на Путин на 30 септември со кој се официјализираше неоснованиот обид на Москва за припојување на дополнителни четири делумно окупирани украински региони.

Прерано е, смета Гудков, да се зборува за „раскол во елитите“, но системот на Путин „се тресе“. „Дефинитивно ќе се случи поделба, бидејќи сега веќе гледаме формирање на конкурентни центри на моќ. Засега, сепак, сè уште се врти околу Путин“, додава тој.