Пред 20 години, 45 албански цивили беа убиени во косовското село Рачак од страна на српските безбедносни сили. Масакрот беше и една од главните причини интервенцијата на НАТО во 1999-та година, по што заврши двегодишната војна на Косово.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Во косовското село Рачак, на 15-ти јануари, 1999-та година, српските безбедносни сили собраа десетици цивили од нивните домови.
И, ги однесоа во шумата во близина на селото.
Таму, меѓународни истражители утврдија дека биле убиени 45-мина албанци, настан кој го смени курсот на косовската војна.
Рам Шабани бил меѓу оние што се спасиле.
„Почнав да бегам, а тие пукаа по мене. Се сокрив овде. Останав додека се стемни. Се криев во дупкава. Луѓето врескаа, беа тепани. Врискаа се додека не умреа“.
Еден ден подоцна, меѓународни посматрачи и новинари пристигнаа во Рачак и беа шокирани од она што го видоа.
Меѓу мртвите имаше и жени и деца.
Тогашната југословенска влада тврдеше дека биле убиени сепаратистички борци во Рачак, кои претходно извршиле смртоносен напад врз српската полиција.
Но, истрагата на ОБСЕ оцени дека станува збор за масовно убиство на албански цивили.
„Од она што лично го видов, можамда констатирам дека станува збор за масакр, очигледно за криминал против човештвото„. Изјави тогашниот шеф на мисијата на ОБСЕ, Вилијам Вокер.
Маскарот во Рачак предизвика меѓународна реакција и мировни преговори кои се случија наскоро во Рамбуе, Франција.
Кога југословенскиот претседател Слободан Милошевиќ одби да го потпише мировниот договор, НАТО започна кампања за бомбардирање на Србија, по што заврши двегодишната војна на Косово.
„Она што се случи во Рачак беше повик за нас да се обединиме, да делуваме како една косовска делегација. Политички, беше јасно кој е виновен за настаните во Рачак. Ние го потпишавме мировниот план, Србија не го потпиша, па НАТО започна водушни напади“. Изјави тогашниот косовски преговарач Блерим Шаља.
Масакрот во Рачак беше и дел обвинението против Слободан Милошевиќ од Меѓународниот суд за воени злосторства, но тој почина за време на судењето во 2006-та. Никој не одговараше за масакрот. Беким Блакај од Центарот за хуманитарно право вели:
„Сведоците умираат, сеќавањата на оние што преживеале бледеат. Не можеме да зборуваме за наоѓање нови докази. По 20 години е многу тешко да се најдат некакви докази или да се изготви обвинение и да се докаже на суд“.
За Мехреме Халили, чиј син бил убиен во Рачак, неправдата е дополнителна болка од загубата на синот.
„Тој беше најдобриот син што го имав„
Нејзиниот син Скендер беше меѓу жртвите убиени во масакрот. Мехреме вели дека никогаш нема да го заборави моментот кога нејзиниот маж и кажал дека синот им е убиен.
„Влезе и седна тука. Ми рече: Дојди, седни. Треба да бидеме силни бидејќи го убија нашиот син. Ништо не можеме да сториме во овој момент„.
Синот на Мехреме е закопан со другите жртви од масакрот во Рачак, на гробиштата на влез од селото.
Во близина има статуа од посматрачот на ОБСЕ Вилијам Вокер, кој прв го предупреди светот на злосторството во Рачак.