Коронавирусот го турка светот во голема рецесија

Рецесијата најчесто започнува со мал пад на берзите, кој потоа се продлабочува во следните месеци, бидејќи се појавуваат и вторите постепени ефекти врз економијата. Но, сегашниот пад на деловниот циклус изгледа многу различно, се наведува во анализата н новинската агенција Ројтерс во која се оценува: Во однос на нивото и ненадејниот почеток, ваквиот пад нема паралела уште од Втората светска војна.

Првичниот шок од појавата на коронавирусот и затворањето на голем дел од транспортот и деловниот систем е голем и ненадеен.

Сè уште нема валдини статистики за обемот на тековниот пад, но земајќи ја нафтената индустрија како посредник за економска побарувачка, потрошувачката се чини дека падна за околу 10 милиони барели на ден, или 10 насто, за еден месец.

Првиот удар врз светската економија од пандемијата на новиот коронавирус е огромен дури и пред какво било влијание од очекуваните втор и трет удар врз деловното работење и потрошувачката.

Во 1945 година, демобилизацијата и претворањето на военото во мирновременско производство предизвика индустријата да се намали за 30-35 проценти во текот на една година.

Во 2008/09 година, американското индустриско производство се намали за скоро 20 насто од својот врв пред рецесијата, но падот се протегаше приближно 18 месеци.

Сегашниот пад може да се каже дека е најголемиот од 1945 година. Според обемот и ненадејниот почеток, ова повеќе личи на динамиката на депресијата во 30-тите години од минатиот век.

Видете и ова: Oнлајн како алтернатива на традиционалниот бизнис

Првичен шок

Рецесијата може да биде многу слична како епидемиите - мала почетна инфекција на еден пациент или неуспех на еден бизнис сектор кои се пренесуваат врз остатокот на системот.

Во последниве години, некои економисти се залагаа за истражувања од епидемиологија за да разберат како една банка или деловен неуспех може да претставува каскаден неуспех што се шири низ економијата.

Првичната инфекција и деловниот неуспех може да бидат релативно слични, бидејќи се пренесуваат низ населението или низ економијата и тоа го претвора изолираниот проблем во пандемија или рецесија.

Во случај на економијата, рецесијата се пренесува преку реални промени во протокот на трошоците и приходите, односно продажбата, нарачките, вработувањето, платите и исплатите на долгови.

Пренесување

Видете и ова: Коронавирусот ги одложи свадбите најрано до јуни

Во повеќето случаи, станува збор за структурата на самата мрежа и нејзиното однесување кога е шокирана.

Некои големи шокови не успеаја да предизвикаат рецесија.

Некои ситни, поединечно или во комбинација, резултираа во големи падови на бизнисот: мал пад на берзата. меури во секторот на недвижнините, неуспеси на банките, кредитни контракции, слаби жетви, ненадејни промени во цената на нафтата, грешки во политиката.

Сите поединечно или во комбинација се виновни за активирање на рецесија.

Необично, истите овие нарушувања понекогаш се случија без да бидат проследени со пад, што ја илустрира тешкотијата на моделирање и предвидување на економските текови.

Во повеќето случаи, има и втор и трет круг ефекти на падот на деловната активност врз платите, инвестициите, довербата и заемите кои се најважни при одредувањето на должината и длабочината на падот.

Колку поцврсто е споен системот, толку е поголем лостот, а колку помали се амортизерите, толку посилно почетното нарушување веројатно ќе биде поголемо.

Одговори

Видете и ова: Без царина 13 медицински производи, ќе има мерки за месната и прехрамбената индустрија

Во сегашниот шок, реакцијата на централните банки и министерствата за финансии е рекордно најбрза, што може да помогне да се намалат ефектите од вториот и третиот круг и да се спречи влошувањето на кризата.

На ист начин како што социјалното дистанцирање е дизајнирано да го намали или да го елиминира пренесувањето на епидемијата од човек на човек, монетарната и фискалната политика, може да ги намали или да ги спречи ефектите од вториот круг удари врз економијата.

Одговорите на политиката имаат за цел да го намалат нивото на непосредна финансиска меѓузависност.

Како и кај здравствените политики наменети да го контролираат ширењето на епидемијата, колку побрз и посеопфатен е монетарниот и фискалниот одговор, толку поголема ќе биде веројатноста за контрола на евентуална рецесија.

Коронавирусот и мерките воведени за сузбивање на епидемијата создадоа економско исклучување кое нема преседан во изминативе 90 години.

Сега централните банки и владите ќе треба да најдат слични невидени мерки за поддршка на економијата се додека не продолжи нормалното работење.