УЕФА на итен состанок направи промени и ги помести баражите од Лигата на нациите за месец септември, со што фудбалскиот натпревар од Лигата на нациите меѓу Македонија и Косово по вторпат е одложен и ќе се игра во нов термин - во септември.
Победникот од овој натпревар ќе игра против Грузија и Белорусија за настап на Европското првенство кое ќе се игра летото 2021 година. Македонија и Косово бркаат историски настап на еден континентален собир.
Според претходното одложување поради коронавирусот, мечот требаше да се одигра во јуни годинава. Според одлуката на УЕФА, предвидено е сите натпревари да се играат од 3 до 8 септември.