Втора група Авганистанци пристигнаа во Скопје

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

На аеродромот во Скопје денеска слета нова група од 44 Авганистанци кои се активисти од организацијата „Тиркиз Маунтајн“ (Тurquoise Мountаin) основана од принцот Чарлс. Меѓу нив се и членови на нивните семејства. Првата група од 149 Авганистанци пристигнаа на 31 август. Десетици илјади Авганистанци ја напуштија земјата откако Талибанците ја преземаа власта.