НАТО утре ќе одржи вонреден онлајн состанок на кој единствената точка на дневниот ред ќе биде пандемијата со Ковид-19, соопшти Генералниот секретар, Јенс Столтенберг, кој лично ќе ја води конференцијата.
Во соопштението првиот човек на Алијансата предупредува и за лажните вести и информации кои, како што вели, ги лиферуваат државни и недржавни институции со цел да внесат раздор меѓу земјите членки. Затоа, додава Столтенберг, потребно е сојузниците да соработуваат за да се разоткријат и спречат таквите влијанија.
Столтенберг потсетува дека НАТО е активен уште од почетокот на кризата, придонесувајќи за превенција и борба против вирусот Ковид-19