Воено засилување: Нови фотографии за руското оружје во близина на Украина

Шест од 15-те авиони за копнени напади СУ-25 се прикажани на аеродромот Лунинец во Белорусија. Сликата е направена на 4 февруари. Лунинец е во југозападниот регион Брест, на околу 50 километри од украинската граница.

Веројатно распоредување на противвоздушна одбрана С-400 на аеродромот Лунинец на 4 февруари.

СС-26 Искандер и повеќе-ракетни фрлачи беа распоредени северозападно од Јелск на 4 февруари. Јелск е во белорускиот регион Хомел, на околу 20 километри од украинската граница.

Војници и единици за логистичко-материјална поддршка северозападно од Јелск на 4 февруари.

Област за сместување на војници и паркинг за возила во Речица на 4 февруари. Речица е во југоисточниот регион Хомел во Белорусија, на околу 55 километри од украинската граница.

Група возила што, наводно, вклучува ракетни системи „Искандер“ лансирани од камиони во воената област Осиповичи, јужно од Минск, Белорусија. 

Поширок поглед на воениот објект Осиповичи на 1 февруари. Ракетите Искандер од руско производство се способни за прецизни удари на цели оддалечени до 500 километри.

Преглед на возила и сместување за војниците во близина на Барановичи, Белорусија, на 29 јануари. Русија постави војници и опрема во Белорусија во последните денови додека двете  земји се подготвуваат да одржат заеднички воени вежби.

Преполна воена база во Бахчисарај на полуостровот Крим, окупиран од Русија, на 1 февруари.

Возила во воена база во Новозерноје, Крим, фотографирани од сателит на 1 февруари.

Воени шатори и оклопни возила во Евпаторија, Крим, на 1 февруари.

Постара сателитска снимка покажува руски воени возила прекриени со снег паркирани во Јелња, Русија, на 19 јануари. Јелња е во северозападниот руски регион Смоленск, на околу 120 километри од границата со Белорусија и 260 километри од Украина.

Оклопни транспортери и камиони кај Климово на 19 јануари. Военото складиште Климово се наоѓа на само 35 километри од украинската граница.

Шатори и бараки за руските војници во Јелња на 19 јануари.

Руски тенкови и опрема за поддршка на артилерија, од кои некои очигледно се користеа неодамна, паркирани во Јелња на 19 јануари.

Воена опрема  во складиштето Климово на 19 јануари. Постарите снимки од Google Maps на истата локација покажуваат дел од присутните воени возила.

Воена опрема во железничкиот двор во Климово на 19 јануари. Неодамнешните видеа снимија огромни количества воена опрема која се транспортира со железница во западна Русија.