Во Кабул под Талибанците

Борец во сандали стои стража додека високиот талибански лик Абдул Хакани се обраќа на состанокот за мажи за образовните политики на Талибанците во салата Лоја Јирга во Кабул на 29 август.

Хакани (на говорницата) за време на состанокот објави дека иако на Авганистанките ќе им биде дозволено да студираат на универзитет, ќе има забрана за мешани часови под власт на Талибанците.

Жена покриена со бурка на улица во Кабул на 27 август.

Жена од Кабул, за РСЕ вели дека во авганистанската престолнина има неизвесност за тоа какво ќе биде владеењето на Талибанците. „Портпаролот на Талибанците вели дека тие се промениле и бла бла бла“, напиша жената. „Но, обичните Талибанци на улица се многу различни и груби, носат оружје“.

Талибански борци носат шлемови и оружје од американско производство на контролен пункт во Кабул на 29 август.

Напуштено американско оклопно возило во Кабул на 29 август.

Американските сили оставија зад себе воена опрема вредна милијарди долари додека се  евакуираа од Авганистан - голем дел од тоа оружје беше наменето за авганистанската национална армија. Современото оружје сега падна во рацете на Талибанците.

И покрај ризиците, некои училишта повторно почнаа настава. Овие ученици и нивната наставничка во средно училиште во Кабул беа фотографирани на 30 август.

Воен авион полетува од аеродромот во Кабул на 27 август. Конечната евакуација на преостанатите американски војници во Кабул треба да заврши на 31 август.
 

Толпи пред затворената филијала на една кабулска банка на 28 август. Откако Талибанците ја презедоа власта во Кабул, многу владини згради, банки, училишта и универзитети останаа затворени. Како што растат цените, сѐ потешко се доаѓа до пари.

Жени облечени во Бурка на пазар во Кабул на 28 август. Продажбата на бурки кои беа задолжителни за жените во претходниот режим на Талибанците-се зголеми во  последните недели.
 

Внатрешно раселени авганистански семејства во шатори во паркот во Кабул на 18 август. 

Маж продава талибански знамиња и плакати со слики на водачите на милитантната група во Кабул на 27 август.
 
 

Талибански борци го блокираат патот во центарот на Кабул со американско оклопно возило на 28 август.
 

Секојдневие во Кабул