ВМРО-ДПМНЕ излезе со нов предлог-закон за Јавно обвинителство, кој се фокусира на четири точки, кои ги најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски, на прес-конференција. Тие се однесуваат на формирање на посебно одделение во рамки на државното обвинителство, а не СЈО да биде дел од обвинителството за организиран криминал и корупција. Обвинителите од СЈО да се вратат во матичните обвинителства, сите предмети на СЈО да бидат преземени од државното обвинителство и да се воспостави финансиска независност не само на новото, туку на целото обвинителство. Според Мицкоски, нивното решение се темели на владеење на правото, почитување на законот и бескомпромисна битка со организираниот криминал и корупцијата.
„Она што го изработи СДСМ, а се со цел притисок на политичките неистомисленици и во подоцнежна фаза амнестија на злосторниците и сторителите на корупција и криминал од вршушката на СДСМ и она што ВМРО-ДПМНЕ го изработи како вистински реформски закон, кој што можеме да го наречеме закон кој што ќе биде бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупцијата“, рече Мицкоски.
Видете и ова: Јанева: Некој со сите сили настојува да го урне СЈОМицкоски се противи и шефицата на СЈО, Катица Јанева која поднесе оставка да биде назначена за републички обвинител, бидејќи тоа, како што наведе, би значело скок за две скалила. Воедно тој повика да се направи детална проверка за вмешаноста на Јанева во случајот „Рекет“ и на останатите обвинители на СЈО, а потоа тие како и сите останати да имаат можност да конкурираат за позиција во новото обвинителство. Мицкоски предлага за државното обвинителство да се издвојуваат од 0,8 до 1 процент од парите од буџетот.
Во однос на изјавата на премиерот Зоран Заев дека законот мора да се донесе до септември, бидејќи во друг случај ќе биде донесен на непријатен начин, Мицкоски посочи дека заканите се карактерна особина на човек кој не знае што прави.
„Ја се сложувам дека треба да се донесе секој еден реформски закон, не само овој, туку сите реформски закони кои се потребни. Не за да ни каже некој од надвор, туку зошто ние од внатре треба да се реформираме и да направиме од нашата држава подобро место за живеење, но тоа треба да биде согласно Уставот и законите, и треба д абиде навистина реформски. Не да носиме закони коишто ќе бидат алатка на политички елити за злоупотреба и пресметка со неистомисленици и понатаму нивна амнестија поради индиции за сторениот криминал“, додаде тој.
Тој истакна и дека за него е прифатлива лидерска средба на која ќе се разговара и договор датум за предвремени парламентарни избори, а и за други теми меѓу кои и законот за јавно обвинителство. Во однос на очекувањата од средбата со помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер тој порача дека ќе му соопштел кој игра политички игри и дека во ниту еден момент тој не рекол опозицијата дека треба да го поддржи предлог зкаонот.