„Какви бранители кога влегоа да убиваат луѓе. Сѐ беше испланирано од Грујо кој како последна џ... ги остави на цедило и нив и неговата фамилија и избега со милијарди. Уставобранители??!“ – пост на Дамјан Даме.
„Долу криминалната Влада. Слобода за уставобранителите. Македонија вечна на Македонците“- три поста на Софи Софи.
„Од другата недела че протестираат дека бројките на заразени од ковид биле високи... по секоја цена за пуста власт, па макар и здравјето на луѓето“ – пост на Ванчо Коде.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
На оваа линија се движат реакциите на посетителите на нашата ФБ страница по информациите за протестите пред Владата и Собранието за ослободување и нов судски процес за осудените и затворените по крвавите настани во Собранието на 27 април пред 4 години.
Реџеп Зенели постирал: „Тие беа терористи не уставни бранители, тие напаѓаа државни пратеници и катастрофа е да се протестира за терористи“.
Буда Стоилковска, пак, извикува: „Слобода за уставобранителите, никогаш Северна само Македонија!“ И Павлина Цветкоска-Ѓошеска е против власта: „Идиоти“, терористи се Зајко, а не народот“.
Има неколку забелешки на информациите на нашиот медиум во врска со бројноста на демонстрантите. Љупчо Маркоски напишал: „Радио Слободна Европа, тие неколку илјади се 20 000“, а Баже Ѓоргиевски довикува: „Алооо, неколку илјади или неколку десетици илјади протестираа, сменете, воведот ви е лажен“.
Исмо Халили, пак, напишал со иронија: „Македонија и сѐ е можно... Венко е крив... ќе бараме после оставка од Венко“. И Ален Б Асани прашува: „Дистанца каде е, ќе видите од утре натаму зголемување на бројот новозаразени“. Драган Цветковиќ со заклучок: „Ова ќе прерасне во традиција да се протестира за ʼуставобранителитеʻ на секои 4 години, а што ќе биде кога ќе им истечат годините затвор, ќе заврши една убава традиција и ќе се бара друга причина за протести.
Ако покрај толку проблеми во државата ова е најбитниот проблем за опозицијата, тешко на граѓаните дека наскоро нешто ќе тргне кон подобро“. Бобан Попоски вели: „Браво Македонци, терористите се во влада“.
Редовното неделно интервју на РСЕ е со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој покрај другото вели: „Предвремени избори за надминување на кризата“. Мисајловски исто така вели дека „власта нема такво мнозинство како што сака да прикаже бидејќи секој ден нема кворум за работа на Собранието“. Соња Данева веднаш со прашање: „А вашата банда каде е? Зема дневници и плати да работи, а не да се крие по ходниците на Собранието...“ и завршува со непримерни зборови. Петар Дамјанов коментирал: „Пет години правите сѐ за таа криза, ама не успевате“, а Адем Липовица како да додава: „Криза не се надминува со тие што ја донесоа“. Вердин Волчевски со споредба: „ Џабе си земате плата оти ниеден нема разумни решенија, само препукувања и тресење глупости мешани со инаетот, а важно е дека така мислите дека ќе дојдете на власт“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Министерот Венко Филипче на својот ФБ профил напиша дека состојбата со епидемијата бележи надолен тренд и дека мерките дадоа резултати, но сепак апелира да нема групирање за претстојните празници и кршење на мерките за заштита. Исмо Халили коментира: За Бајрам и Велигден ќе ни забраните да ги правиме верските обичаи, да идеме во џамија и црква...ах, тоа е кога народот сме глупи, 30 години ве вртиме во круг... сите партии сте исти“.