Министерката за финансии Нина Ангеловска и амбасадорката на САД во земјава Кејт Брнс имаа видео-средба на која разговараа за актуелните случувања во економијата и справувањето со последиците од КОВИД -19, како и за идните иницијативи на САД за помош и поддршка на приватниот сектор и јакнењето на граѓанското општество, соопшти Министерството за финансии.
На видео-состанокот, како што соопшти Министерството за финансии, Ангеловска информирала и за тековната состојба на економијата и соочувањето со КОВИД -19 кризата. Таа посочила дека земјата веќе ги реализира двата сета антикризни мерки за кои има голем интерес, како и дека во подготовка е нов сет мерки, кои ќе бидат дизјанирани во насока на поддршка на стопанството во периодот на опоравување.
Од двете страни е афирмирано долгорочното пријателство меѓу двете земји и поддршката што САД ја дава на земјава во сите сфери на нејзиниот развој.