Ваучери за туристичките агенции како помош во корона-кризата

Крешник Бектеши

На прес-конференција во Владата, министерот за економија Крешник Бектешки презентираше ваучери како мерка за заштита на туристичкиот сектор кој е најпогоден од кризата со коронавирусот.

„Во делот на туризам, министерството за економија изготви уредба со законска сила каде што ќе се издадат ваучери на туристичките агенции во вредност од сумата за уплата на ангажманот откажан поради коронавирусот. Со оваа мерка ќе им се овозможи да издаваат ваучери во износ од уплатената сума заклучно со 31 декември 2021 година“, изјави Бектеши.

Тој појасни дека, агенциите кои ќе престанат да ја вршат дејноста имаат обврска средствата целосно да им ги вратат на клиентите. Оние кои нема да ги почитуваат условите, ќе добијат казни.

„За поддршка на туризмот, Здружението за заштита на авторски и музички права донесе одлука да ги ослободи од плаќање од надоместок за музика, хотелите, угостителските објекти, со оглед на тоа што и моментално не работат“, рече Бектеши.