Хрватската фудбалска ѕвезда Марцело Брозовиќ, кој настапува за италијанскиот клуб Интер, синоќа израдува едно македонско девојче. Менче Трпеска на Фејсбук го опишува својот здравствен проблем за кој ѝ требаат 3000 евра. Луѓе почнуваат да донираат. Македонски навивачи на Интер ја споделуваат нејзината објава на Фејсбук групата на балканските навивачи на Интер. Неколку минути подоцна, Брозовиќ ја уплаќа целата сума.
Го шерувавме текстот на Стаменка Менче Трповска на нашата фан страна https://t.co/6RMoejkWoH, не контактираше директно фудбалерот на Интер Марсело Брозович и донираше 3. 000 €.НАКЛОН ДО ПОД МАЈСТОРЕ!СПОДЕЛЕТЕ НЕКА ИДЕ ВИРАЛНО ОВОЈ ОГРОМЕН ГЕСТ НА МАРСЕЛО БРОЗОВИЧ! 💙🖤 pic.twitter.com/eReIEs03VZ
— Muse. (@Mjusec) June 17, 2020
Брозовиќ, кој е во контакт со своите фанови на социјалните мрежи, со овој хуман гест заработи големи симпатии и надвор од фудбалската јавност во Македонија. Инаку, Брозовиќ донира и во својата родна Хрватска. Пред две години, тој им донираше учебници на учениците од прво до четврто одделение во населбата Цериќ во Општина Нуштар.
Во исто време, владата отвори сметка на која граѓаните ќе може да донираат за борбата против коронавирусот. Министерката за финансии Нина Ангеловска напиша дека досега донирале над 1000 граѓани и 130 фирми и се собрани над 200 милиони денари или 3,5 милиони евра.
Дел од луѓето на социјалните мрежи реагираат дека државата плаќа „џаболебари“, а истовремено бара донации од граѓаните.
Абе срамота е да барате донации од народ, од оној народ од кој крадете 30 години. Дајте мајкему малку од тоа краденото и спасете ја држата од која дрпате.
— Torko (@Teknuvalo2) June 17, 2020
Благодарение на тоа што ја решија ситуацијата па моравме да зимаме минимални плати. Па бараа донации од Мој ДДВ и сеа од народот, а се задолжија до гуша и ја испокрадоа државата и луѓето.За што да донирам? Да терате кампањи додека ние умираме?
— КАШЛИЦА 😷 (@kashlicaa) June 17, 2020
Даваат ваучери за одмор, па собираат донации за здравство. Стартап држава.
— Davor Pehchevski (@dpehche) June 17, 2020
За други, пак, тоа е питачење од владата.
Има ли некоја друга питачка влада во светот која бара донации од граѓаните....Не зголемени даноци од тие 1% екстремно богати Камчеви и Заеви!Донации од сиромашните на чив грб се крепи оваа држава и кои врзуваат крај со крај!
— 💊💉💪Докторот 🚑🤕😷 🤒(kolateralna steta) (@Deni0009) June 17, 2020
Дали озбилно Нина групер промовираше платформа на која бара донации од граѓаните? Наместо да просите, можете да воведете поголемо оданочување на богатите? Или полесно е Анѓушев да давa донации додека зема државни пари и помош?
— Чекрк (@che_krk) June 17, 2020
Некои, пак, велат дека не може да се бара од сиромасите да ги финансираат богатите.
Владината кампања „Домасиедома“ за ваучери за туризам и промовирањето на домашниот туризам е мета на потсмев цела недела. Главната фотографија на интернет сајтот domasiedoma.gov.mk, со која требаше да се промовира летување во Македонија беше од езерото Кенигзе во Германија. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека ја поправиле грешката и се извиниле. Човечки е да се погреши, ако било намерно ќе има одговорност, рече тој.
📌Парадоксот на власта со промоција на„дома си е дома“ преку фотографија од Кенигсе,езеро во Германија!❓Македонија е наш дом или власта поттикнува иселување на младите?❓Вака ли нудите веќе знајни и незнајни туристички дестинации и атракции во Македонија?#ЛетувајВоМакедонија pic.twitter.com/2TvMQnVQqm
— КЛАСНИОТ (@KlasnioTT) June 14, 2020
Веројатно истиот човек што ги бирал сликите, ги бира и грешните знамиња при пречек на странски делегации или картата на Хрватска за поштенските марки. Би било премногу да има повеќе такви, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.
Во исто време, твитерџиите се мајтапат со германската слика со која се промовираат македонските туристички убавини.
Раскрсница Бит Пазар / Судска Палата.#ДомаСиЕДома pic.twitter.com/YiyQwKCDwG
— Водоотпорна вода (@geosinklinalno) June 14, 2020
Крива Паланка #ДомаСиЕДома pic.twitter.com/LbchZeeqVT
— Muse. (@Mjusec) June 14, 2020
Кисела Вода Скопје! #ДомаСиЕДома pic.twitter.com/fluFJrblrG
— Pivopija (@85Dimov) June 14, 2020
Рибарските куќички во Дојран. #ДомаСиЕДома pic.twitter.com/fdkVJdgOm3
— Таклабаз (@taklabaz) June 14, 2020
#ДомаСиЕДомаМаркови кули, Прилеп pic.twitter.com/pREA8K8d6G
— Ѓуро (@OdGjuroMaliot) June 14, 2020
Шарена Џамија, Тетово#ДомаСиЕДома pic.twitter.com/i21JXTyYGJ
— Кичевчанецот🇲🇰 (@zoreski) June 14, 2020
Уште оваа!Галичка свадба#ДомаСиЕДома pic.twitter.com/xmFeSePdZV
— Skopskiot (@Skopskiot) June 14, 2020
Македонски Брод#ДомаСиЕДома pic.twitter.com/UDFfPHJ60t
— Сушанто (@rojsusanto) June 14, 2020
Пехчево, синоќа#ДомаСиЕДома pic.twitter.com/ubAM6MneRT
— Злобната (@covid19Mk) June 14, 2020
Велес, предавателот за 5г #ДомаСиЕДома pic.twitter.com/7u6YPg0Ivh
— Ina (@mnogufina) June 14, 2020
Милениумски Крст - Водно#ДомаСиЕДома pic.twitter.com/lGUoGJ3laF
— Рамрод (@RamrodMKD) June 14, 2020
Зоран Заев и Христијан Мицкоски#ДомаСиЕДома pic.twitter.com/Ox6rWXVxqd
— Muse. (@Mjusec) June 14, 2020
Со својот „талент“ за фотошоп и сталинистичка волја за бришење на „непотребните“ луѓе од фотографиите, на потсмев наиде вицепремиерот Бујар Османи, кој ја фотошопираше фотографијата од неговото поздравување со Папата Франциск. Фотографијата е објавена на официјалниот Твитер налог на Османи на 7 мај, но некој дури сега го забележал фотошопирањето.
Бујар во стилот на Сталин ги избришал сите други од сликата, за да биде сам со Папата 🤣🤣🤣🤣🤣па уште и плочки редел позади?!Pse jo? pic.twitter.com/Q1HNIoGRev
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) June 15, 2020
Сепак, оние со поостро око забележаа дека со невештото бришење, Османи си оставил трето уво на сликата.
Бујар му го скинал увото на ШилегОФФ. Чудно, ниту е Бујар Тајсон, а ШилегОФФ уште помалку Холифилд. pic.twitter.com/n5G4bIE5m5
— Вујкото Ване (@Vujkoto_Vane) June 16, 2020
Но, можеби и папата сакал да остане насамо со вицепремиерот, иронизираат други.
Можи Папата ги избришал луѓето назад за да изгледа дека насамо се сретнал со Бујар Османи.
— Мр Моџо Килингтон (@mojokilington) June 15, 2020