По низата најави на стотици илјади вакцини против коронавирус и по контрадикторните изјави на властите за тоа кога и од каде ќе пристигнат првите дози, владата синоќа одлучи да започне постапка за набавка на 200 илјади кинески вакцини.
200.000 (Кинески) + 833.000 (од Ковакс) + 8.000 (од Србија) =1.041.000 Имагинарни вакцини. * Кој сака нека честита!! https://t.co/7fUTd603mb
— Emilijano (@EmilijanoJ) January 28, 2021
Тоналитетот за Вакцините е ист како ДА за преговорите..ЧЕ БИДИ
— Dame Chkatroski (@DameChkatroski) January 27, 2021
Ни ЕУ не се прослави со набавката на вакцини, а вакцинирање не оди со посакуваното темпо. Едноставно производителите не може толку брзо да ги произведат за да ја задоволат побарувачката, но земјава е една од ретките во Европа во која не пристигна ни симболичен број од неколку илјади дози, колку за вакцинирање на здравствениот персонал.
Нема оправдување за оние кои се во моментов на чело на државата а кои не обезбедија вакцини против ковид.Мора да има одговорност.Најверојатно ВМРО би било полошо меѓутоа тоа не го менува фактот дека актуелната политичка структура на власт не ја изврши работата како што треба.
— Мирјана Најчевска (@ibogovitelicno) January 28, 2021
Министерка за одбрана Радмила Шекеринска синоќа за Сител рече дека прво сакале вакцините да бидат целосно регистрирани, за потоа да ги нарачаат.
Ваква изјава не е ок. Сме можеле да ги порачаме уште пред неколку месеци, ама не сме сакале некој да каже дека на нас ги тестираат.Кој е тој некој? Народот? Вмро?Можевте да ги порачате и да седат во фрижидерите и откако ќе поминат тестовите во другите држави, да ги пуштите. pic.twitter.com/fBAi0iL2AA
— Man (@Goran_Man) January 28, 2021
Многумина на социјалните мрежи ја протолкуваа оваа изјава на Шекеринска во стилот „кисело е грозјето“. Додека Македонија чекала, други си нарачале со време.
Ова е бетер од "земјата е рамна". Дај бре жено, електро инженер си, имај малку дигнитет, вреѓаш интелигенција на цел народ, ама пред сѐ своја... не ми е ни смешно, гадно е! pic.twitter.com/bvcYRPyJdX
— Неурон (@poliedar) January 27, 2021
откоа ќе стигнат вакцините, делот за скопје од прва градска до втора градска болница со трамвај ќе го дистрибуираат
— сентинел славянски (@hemicarot) January 27, 2021
— Фелдмаршал Игорче Развигорче (@Igor_rujo) January 27, 2021
Yup, дефинитивно.Рада по дружење со Заев како во вицот за цајканот загледан во риба. pic.twitter.com/3aSntAyywP
— అర్సిమ్ జెకోల్లి (@ArsZek) January 27, 2021
да сакавме вакцини да набавиме ќе набавевме pic.twitter.com/BqQ0DYrKzk
— мал лош неутровмрон (@Pavlovikj) January 27, 2021
— Др Арсланагић (@ArslaJeMeniBog) January 28, 2021
Сепак, оваа изјава на Шекеринска може да има основа и во сè погласното антивакцерско лоби. Според анкетата на БИЕПАГ од октомври годинава, под 40 отсто од жителите на Западниот Балкан би се вакцинирале, а во Македонија само околу 35 отсто од граѓаните одговориле дека би се вакцинирале ако има достапна вакцина.
а замислете стварно ко ќе дојдат вакцините - негде на почетокот на 2022-ра најверојатно - како ќе се поредат сите за сликање 🤡
— Poison Ivy 🔱 (@Hedera_Genus) January 28, 2021
Не сме ги набавиле вакцините затоа што не сме сакале некој да каже дека на нас ги тестираат.Може сега немаме никаква вакцина, ама барем на нас не ги тестираат. pic.twitter.com/rlMQYmCJRb
— Man (@Goran_Man) January 28, 2021
Има мала вистина во ова. На пример Израел има договор каде со вакцините Израел треба да достави информации за успехот. А тоа само по себе е крајна фаза на тестирање. Значи се учествува во развивање на продуктот. https://t.co/mcLpbUdI6I
— Bobstar (@bobstar_m) January 28, 2021
Во меѓувреме во земјава пристигна и британската мутација на коронавирусот, која се шири до 70 отсто побрзо, а работното време на кафеаните е продолжено до 21 часот. Не дел од луѓето им се чини како да си ја бараме бељата.
Можеби нема вакцини, ама планот за вакцинирање е спремен. Знаеме кој ќе се вакцинира. Ако преживее додека да стигнат вакцините.
Британски „Економист“ минатиот месец објави дека богатите западни земји ги купиле сите вакцини за годинава и оти Западниот Балкан ќе се вакцинира во текот на 2022 година.
Ај да се кладиме дека ко ќе стигнат вакцините по 2 години здравје, шприцеви немат да имат 🤣
— Георги Николов Делчев (@jchatko) January 27, 2021
Вакцините ќе стигнат во Фебруари со годината на сака да шпекулира.Фипо наш...
— Шодер (@Shoeder006) January 27, 2021
Први треба за вакцина да се пишат основците !Пошто дури да стигнат вакцините тие ќе бидат ризична група по години !Не се брзајте,разгледајте како беше она пари давам г.. е....НЕСПОСОБНИ !!!
— ДОРЧО (@Dorcobre) January 27, 2021
Израел веќе има вакцинирано половина од своето население, Обединетите Арапски Емирати стигнаа до скоро една третина, во Велика Британија е вакциниран секој деветти човек,а во САД вакцинирано е над 7 отсто од населението. Во ЕУ стапката на вакцинација се движи меѓу 2 и 3 отсто. Од соседите, најдобро стои Србија која веќе има вакцинирано скоро 5 отсто од населението.