Британија даде зелено светло за вакцината против коронавирусот и ќе почне да ја користи порано отколку Европската унија и САД. Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, ја нарече британската одлука „историски момент“.
„Ние се фокусираме врз итноста за безбедно снабдување со висококвалитетна вакцина низ целиот свет“, изјави Бурла.
ЕУ денеска ќе потпише договор за 160 милиони дози вакцини против ковид-19
Вакцината се смета за најдобра шанса светот да се врати во привид на нормалноста во услови на глобална пандемија, од која починаа скоро 1,5 милиони луѓе и ја уништија глобалната економија.
Видете и ова: „BioNTech“ и „Pfizer“ поднесоа барање за одобрување на вакцини во ЕУ„Владата ја прифати препораката од независната Агенција за регулирање на лекови и здравствени производи за одобрување на вакцината за ковид-19 на „БиоНТек“ и „Фајзер“ за употреба“, соопшти британската влада.
„Вакцината ќе биде достапна во Британија од следната недела. Британскиот комитет за вакцини ќе одлучи кои приоритетни групи ќе ја добијат најпрвин.
Станува збор за здравствениот персонал, старите лица и луѓето кои се клинички исклучително ранливи.
„БиоНТек“, „Фајзер“ и американската биотехнолошка фирма „Модерна“ претходно објавија прелиминарни резултати од испитувањата на нивните вакцини според кои тие имаат над 90 насто на ефективност, што е неочекувано висока стапка.
Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека програмата за вакцирање ќе започне во почетокот на следната недела. Болниците, рече тој, веќе биле подготвени да ја примат.
„Тоа е многу добра вест“, оцени Хенкок.
Дека станува збор за оптимистичка вест се согласуваат и експертите.
Вакцинација со Спутник V ќе чини помалку од 20 долари
Дени Алтман, професор по имунологија од Лондон смета дека ова е херојски потег на Британија.
„Ова е навистина значајно. Никој не знаеше како ќе се одвива битката за пронаоѓање ефикасни вакцини. Сега, на помалку од 11 месеци од првото карактеризирање на вирусот, го имаме и првото итно одобрување за употреба на ефикасна вакцина. Навистина херојски потег“.
Видете и ова: Компанијата Модерна ќе побара итно одобрување на нивната вакцина против коронавирусотСпоред него, во текот на следните неколку недели најверојатно ќе има уште голем број на доделени лиценци за вакцини што ќе придонесе за, како што вели, „брзо излегување од овој хаос“.
Мајк Бел, стратег на глобалниот пазар во Џ.П. Морган оценува дека ова може да значи крај и на економските тешкотии.
„Одобрувањето на високо ефективна вакцина може да означи почеток на крајот на економските превирања“.
Бел додава дека се остварија очекувањата на научниците дека до Божиќ ќе биде доставена ефикасна вакцина за ставање крај на пандемијата.
„Бидејќи заштедите од оваа година се трошат во следната година, глобалната економија треба заздрави и да поттикне повисоки профити и акции на компаниите во 2021 година“, вели Бел.
„Мамутска операција“ на УНИЦЕФ за испорака на вакцини за ковид-19
Има и поинакви мислења, како на проминентниот германски европратеник Питер Лизе кој вели:
„Сметам дека оваа одлука е проблематична и препорачувам земјите-членки на ЕУ да не го повторуваат процесот на ист начин. Неколку недели темелно испитување од страна на Европската агенција за лекови е подобро од избрзаното одобрение за ставање во промет на вакцина“.
Питер Лизе е член на партијата на германската канцеларка Ангела Меркел.